07.02.2013, 16:16 „Епл“ продаде повеќе од 25 милијарди песни
За 10 години постоење на сервисот „ајТјунс“, компанијата „Епл“ продала повеќе од 25 милијарди песни.
Тоа значи дека од каталогот, кој има повеќе од 26 милиони песни достапни во 119 земји, секоја минута се продавале по околу 15.000 песни.
Бројката веројатно ќе биде и поголема, бидејќи „Епл“ најави дека продавницата „ајТјунс“ ќе биде достапна на нови 56 пазари до крајот на декември.
„Епл“ минатиот месец соопшти дека од „Ап Стор“ биле симнати повеќе од 40 милијарди апликации. |