08.02.2013, 12:39 Во мозокот постои центар за зло
Еден од водечките германски невролози, тврди дека во мозокот постои посебен центар за зло
Др. Герхард Рот, еден од водечките германски невролози, тврди дека во мозокот постои посебен центар за зло. Поточно, после долгогодишните студии, научниците кои ги предводеше Род дошле до податоци дека во централниот черепен мозок на убијците, силувачите и крадците се наоѓа посебен дел каде лежи вистинското зло, а кое под Х зраци се гледа како црна маса.
Рот со години го истражувал однесувањето на осуденик кој во затворот бил поради најтешки злодела и прекршоци.
- Им покажуваме на тие луѓе одредени кратки филмови и за тоа време ги меревме нивните мозочни бранови. Забележавме дека во текот на сите брутални и насилни сцени тие не покажуваа никакви емоции. Исто така, во делот на мозокот кој е одговорен за сочувство и тага не се случуваше ништо. Кога подоцна им ги снимавме мозоците, се појави темна маса во центарот на тој орган кај сите претапници кои се осудени за најтешки злосторства, објасни неврологот.
Според неговите зборови, истражувањето го навело на сомнеж дека некои криминалци имаат генетски предиспозиции да бидат тоа што се.
- Кога ги набљудувавме мозоците на тешките престапници, сфативме дека кај секој од нив постои некој недостаток или деформитет во тој предел, централниот дел на органот. Исто така, се јавуваат и случаи каде луѓето кои имале тумор во таа област стануваат криминалци, а дека се враќаат во нормала после неговото отстранување, истакна Рот.
Сепак, докторот нагласи дека независно од промените во некои делови на мозокот кај одредени личности, тоа не мора да значи дека таа автоматски ќе стане криминалец.
Докторот Рот издвои три групи на психопати во зависност од тоа како се јавила нивната потреба за зло. На првата група припаѓаат психолошки здрави луѓе израснати во околина каде е нормално да се краде и убива. Вториот тип се ментално вознемирени криминалци, кои на светот гледаат како на закана по сопствениот живот, додека третата група се вистински психопати, како што биле тираните Хитлер и Сталин. |