05.02.2013, 09:37 Пронајден скелетот на Ричард Трети
Археолози од градот Лечестер утврдиле дека скелетот, кој бил пронајден во еден парк, му припаѓа на кралот Ричард Трети, кој загинал пред 528 години
Претставници на Универзитет во британскиот град Лечестер соопштија дека нивни археолози утврдиле дека скелетот, кој бил пронајден во еден парк во градот, му припаѓа на кралот Ричард Трети, кој загинал пред 528 години.
Археологот Ричард Тејлор изјави дека е извршена ДНК анализа од примероци земени од членовите на кралското семејство.
- Не постои никакво сомневање дека ова е скелетот на кралот Ричард Трети. Ова е историски ден за Лечестер, истакна Тејлор.
Триесет и двегодишниот ��рал Ричард Трети загинал во Босворт во 1485 година, а во 16-от век бил урнат неговиот мавзолеј, кога од гробот и исчезнал неговиот скелет.
Скелетот на британскиот крал, на кој се откриени десет прострелни рани, од кои осум на главата, ќе биде погребан во катедралата во Лечестер.
|