Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
07.02.2013, 13:41

Спарси уриваат се' пред себе



Тони Паркер со 31 поен го надополни отсуството на Данкан и Џинобили против Минесота (104:94)

Епитетот најсилен тим на светот засега му припаѓа на Сан Антонио, кој без повредениот ветеран Тим Данкан и Ману Џинобили ја запишаа 11 победа во низа и ја потврдија лидерската позиција во НБА лигата. Избраниците на Грег Поповиќ на домашен терен ја совладаа Минесота со 104:94, а секако главниот збор го имаше Тони Паркер, овојпат заедно со Дени Грин. Францускиот плејмејкер беше најефикасен актер на мечот, постигна 31 поен, а додека Грин се покажа во најдобро светло до сега реализираше 28 поени заедно со одличниот шут за три поени (8/12).

Во редовите на поразениот состав стандардна игра прикажа Никола Пековиќ со 21 поен и десе�� скока, а додека по 15 поени постигнаа Вилијамс и Бареа.

Иако го немаа Ражон Рондо сепак Бостон Селтикс и без Ол-стар играчот ја запишаа шестата победа во серија. Нова жртва на Кевин Гарнет и неговите соиграчи беше Торонто го поразија со 99:95.

„Ние сме борци, тим кој што го дава максимумот во сите 48 минути. Секогаш не играме вака добро, не сме совршени. Само сме луѓе и играме тврдо“, рече Гарнет кој застана на 27 поени и десет скока.

Фаворитите Мајами и Оклахома остварија лесни победи. Еден ден по 23 тројки тимот на Хјустон беше сопрен од бранителот на шампионскиот прстен, кој славеше со убедливи 114:108. Тандемот Леброн Џејмс - Двејн Вејд заедно постигнаа 63 поени.

Тандерси пак немаа проблем со Голден Стејт славеа со 119:80, а Кевин Дурент со 25 поени, седум скока и четири асистенции беше прва ѕвезда во тимот. Расел Вестбрук имаше 22, а Кевин Мартин 21.

ЛЕЈКЕРСИ ШЕСТ НЕДЕЛИ БЕЗ ГАСОЛ

Лејкерси дефинитивно немаат среќа, само што влегоа во победнички ритам веднаш ги надвасаа темни облаци. Во наредните шест недели Коби Брајант и неговите соиграчи ќе останат помошта на Пол Гасол. Повредата со која што Шпанецот се здоби на дуелот со Бруклин е посериозна од очекуваното. Магнетната резонанца покажа дека Гасол го скинал мускулот на десното стопало.

По лошите вести стратегот Мајк Дантони остана без двајцата најдобри играчи под обрачите, покрај Гасол на листата на повредени веќе од пред извесно време е Двајт Хауард.

Резултати: Кливленд - Шарлот 122:95, Торонто - Бостон 95:99, Филаделфија - Индијана 69:88, Вашингтон - Њујорк 106:96, Орландо - Лос Анџелес Клиперс 76:86, Атланта - Мемфис 103:92, Мајами - Хјустон 114:108, Детроит - Бруклин 90:83, Оклахома - Голден стејт 119:98, Њу Орлеанс - Феникс 93:84, Далас - Портланд 105:99, Минесота - Сан Антонио 94:104, Јута - Милвоки 100:86.









Статијата е прочитана 207 пати.


Испрати коментар



Вардар СЦБТ елиминиран од ЕХФ купот
Мешков Брест подобар од Вардар Про во СЕХА лигата
Норвежанецот Свиндал нов светски шампион во спуст
Горење му се одмазди на Металург
Детроит ја прекина низата на Сан Антонио
Битка за второто место во групата Ц
Хефл-Риш го освои златото во суперкомбинацијата на СП
Карпов на отворањето на „Опен Карпош 2013“
Бостон ги растури Лејкерси, Гарнет рекордер
УЕФА ги одреди цените за финалето од Лигата на шампионите
Меси во Барселона до 2018 година
Мукаетов ќе го наследи Михајловски
Игрите во Сочи најскапи во историјата
Англија го победи Бразил по 23 години
Надал се врати со победа и во сингл
(ФОТО) Македонија и даде „тројка“ на Данска
Изборното Собрание на РФМ на 9 март
Добри вести за Реал, Касилјас го тргна гипсот
Полексиќ - Овие приказни се најобична глупост
Рафа Надал се врати со победа
Вон на операција по хоророт во Шладминг
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Лигети му го донесе првото злато на САД на СП во Шладминг
Лејкерси во победнички ритам, Хјустон постигна 23 тројки
Шест меча суспензија за Карабатиќ
Финалистите на Лига Европа во ЛШ?
Трета среќа со Данска
Кавани се сели во Реал Мадрид
Ливерпул - Дебрецин е наместениот меч во ЛШ
Мари бара трпение за Надал
Три натпревари суспензија за Горан Попов
Леброн држеше час по кошарка
Почнува Светското првенство во алпски дисциплини
(ФОТО) Репрезентацијата го одржа првиот тренинг пред Данска
Комплетни против Данска
Антиќ и Мекејлеб остануваат во репрезентацијата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Сабота
Замрзнат дожд
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Недела
Сончево
Макс: 3°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
96. Jerry Lee Lewis, „Great balls of fire”
Автори: Otis Blackwell, Jack Hammer; продуцент: Sam Phillips; објавена: ноември 1957 година, „Сан“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |