Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
05.02.2013, 13:34
Мари бара трпение за Надал



Шпанецот се враќа на турнирите утре во Чиле, а Британецот смета дека можеби ќе му треба време за да достигне врвна форма

Енергијата што Рафаел Надал вообичаено ја носи со себе на теренот можеби ќе треба малку време за да се врати кога Шпанецот конечно ќе го почне својот кам-бек во Чиле неделава, смета третиот светски рекет Енди Мари. Сардисаниот од повреди Надал нема одиграно меч уште од шокантниот пораз од аутсајдерот Лукаш Росол на Вимблдон минатиот јуни, но денеска ќе го тестира своето проблематично колено во Виња дел Мар, каде што на земјениот терен ќе му излезе на мегдан Аргентинецот Гвидо Пелја или квалификант. Тенисерот што е на 92. место на АТП-листата во нормални околности би бил лесен плен за 11-кратниот грендслем-шампион, но Мари смета дека Надсал би можел да биде ранлив кога ќе треба да забрзува.

„Може да ја нема истата енергија цело време, а можете да очекувате и луѓето во првите неколку месеци додека тој не се врати на своето високо ниво да мислат дека би можеле да го изненадат“, објаснува Британецот. „Но, со тек на време, посебно ако Рафа ги освои првите три турнири по враќањето, се' ќе се смени и ривалите повторно ќе бидат загрижени од дуелите со него. Луѓето се плашат кога победувате и имате самодоверба“.

И покрај свежото враќање од повредата на коленото што се' уште му задава болка, публиката ќе очекува Шпанецот да се врати во топ-форма брзо. Мари, меѓутоа, повикува на воздржаност, иако очекува Надал да биде во доволно добра форма за осма титула на Ролан Гарос во јуни.

„Очекувањата ќе бидат големи и луѓето ќе очекуваат тој веднаш да прави се' како порано, но би можело да потрае недели, па и месеци додека тој биде повторно стариот“, вели Мари. „Тој тренира веќе месец и половина и беше под притисок за Австралија опен пред да се разболи. Ако победи на некои мечеви низ Јужна Америка и ако е физички океј до Ролан Гарос, ќе биде во добра форма“.

Во случај Надал, кој падна на петтото место на АТП-листата, во почетокот се мачи со формата, Мари ќе избие како сериозен претендент за трофејот во Париз.

„Верувам дека имам шанса да го освојам Ролан Гарос“, изјави Мари, чиј најдобар резултат на тој турнир е полуфиналето во 2011 година, кога загуби од Надал. „Но, за да го сторам тоа треба да се подготвам и да го искористам секој ден најдобро што можам. Имам шанси таму. Во тенисот се случувале понеобични работи од таа играч од првите четири или пет во светот да го освои Ролан Гарос“.

Статијата е прочитана 582 пати.


Испрати коментар



Мукаетов ќе го наследи Михајловски
Игрите во Сочи најскапи во историјата
Спарси уриваат се' пред себе
Англија го победи Бразил по 23 години
Надал се врати со победа и во сингл
(ФОТО) Македонија и даде „тројка“ на Данска
Изборното Собрание на РФМ на 9 март
Добри вести за Реал, Касилјас го тргна гипсот
Полексиќ - Овие приказни се најобична глупост
Рафа Надал се врати со победа
Вон на операција по хоророт во Шладминг
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Лигети му го донесе првото злато на САД на СП во Шладминг
Лејкерси во победнички ритам, Хјустон постигна 23 тројки
Шест меча суспензија за Карабатиќ
Финалистите на Лига Европа во ЛШ?
Трета среќа со Данска
Кавани се сели во Реал Мадрид
Ливерпул - Дебрецин е наместениот меч во ЛШ
Три натпревари суспензија за Горан Попов
Леброн држеше час по кошарка
Почнува Светското првенство во алпски дисциплини
(ФОТО) Репрезентацијата го одржа првиот тренинг пред Данска
Комплетни против Данска
Антиќ и Мекејлеб остануваат во репрезентацијата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ситен дожд

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Првиот и единствен дневен спортски весник „Македонски спорт“ го промовира своето ново издание, кое ќе излегува целосно в...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
97.Chuck Berry, „Roll Over Beethoven“
Автор: Berry; продуценти: Leonard и Phil Chess; објавена: мај ’56, „Чес“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |