07.02.2013, 15:28 Гостиварскиот полицаец не бил во патолошки ефект
ГОСТИВАР - Обвинетиот Јаќим Трифуновски во времето на чинот на двојното убиство, не бил во состојба на паталошки афект, беше одговорот на проф-д-р Антони Новотни, директор на Универзитетската клиника за психијатрија од Скопје, како вешто лице - на прашањето на бранителот на обвинителот, кој побара и објаснување и на тоа дали врисокот на ќерка му, загрозеноста на неговиот живот имало влијание врз неговата психа. Професорот Новотни појасни дека, секако овие елементи влијаеле врз покачувањето на интензитетот на раздразнетоста, зголемена возбуда и лутина, зголемен страв за животот на ќерка си и за сопствениот живот, и му бил зголемен физиолошкиот афект на обвинетиот Трифуновски, кој не можел да расудува, да има јасна претстава во извршувањето на делото. Професорот потенцира дека обвинетиот н�� бил во паталошки афект.
Со испрашувањето на вештите лица, проф.д-р Антони Новотни и на д-р Ненси Манушева, во Основниот суд Гостивар, пред петчелниот кривичен совет, заврши доказната постапка против Трифуновски, кој одговара за убиствата на соседите Бесник Шеапи и на Имран Мехди, што ги изврши пред една година, на 28 февруари, на паркингот пред неговиот стан, во близина на салонот за мебел „Монтенегро“ во Гостивар.
За две недели ќе продолжи судењето со завршните зборови на бранителот на обвинетиот, застапникот на обвинителниот акт и на бранителот на отштетените семејства. (К.К.) |