Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.02.2013, 16:24

Канонада од грчки и бугарски амандмани во ЕП

Од над двесте амандмани на извештајот на Ричард Ховит речиси половината се бугарски

Канонада од бугарско-грчки амадмани за Резолуцијата за Македонија што во април оваа година треба да ја донесе Европскиот парламент. Поднесени се вкупно 203 амадмани на предлог-Резолуцијата на известувачот Ричард Ховит, од кои дури 92 амадмани се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци.

Најголем број на предлог-измени во Резолуцијата дава либералот Станимир Илчев кој заедно со Андреј Ковачев (Европски народни партии) или посебно има поднесено 30 амандмани. Најголемиот дел од нив се ригидни, навредливи и апсолутно контра добрососедството што Евроспката унија го бара од Македонија и Бугарија. Кај Грците предничи Николаос Салавракос (партија Народен православен собир) со 15 предлог-измени на Резолуцијата што ја предложи известувачот Ховит. Интересно, но и самиот известувач Ховит има поднесено над 20 амадмани на својот предлог што минатиот месец го претстави пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.

Стојанов предложи амадман во кој стои дека „продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвет”, при што бара да се земат предвид, според него,„насилствата во Собранието пред крајот на минатата година, кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани на сила надвор од пленарната сала“. Тој исто така бара во Резолуциајта да влезе дека „опозициската СДСМ превзема дејства што не одговараат на европските стандарди за толерантност, бидејќи нејзини општинки советници во Скопје скандираа „Мрсни Бугари!“ кон своите колеги од општинскиот совет по повод преименување на улица. Тој обвинува за Спаска Митрова, за отстранувањето на спомен-плочата на Мара Бунева, дека е нападнат бугарски амбасадор во Скопје, а и тоа оти годинава започнала „полициска репресија против лица што работат како посредници меѓу бугарските власти и граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство, со цел да се влее страв кај лицата со бугарска самосвест“.

Пратеникот од бугарска АТАКА вели дека е влошена политичката ситуација во нашата земја и бара тоа да се земе предвид во однос на пристапувањето кон Европската унија. Во однос на ова прашање, Илчев од Либералите и Ковачев од ЕПП се малку поконструктивни, но и тие приговараат за „негативни консеквенци на лицата што отворено го изразуваат својот бугарски идентитет“ и бараат тоа да се земе предвид при одлучувањето на Самитот на ЕС во јуни оваа година.

Известувачот Ховит, како и Едвард Кукан (ЕПП), Моника Маковеј (ЕПП), Мари Корнелисен (либерали), Чарлс Тенок (Конзервативна партија), во посебни или заеднички амадмани инсистираат Македонија да ги почне пристапните преговори без одлагање (жалат што и досега тоа не е сторено), како што го бара и Европската комисија во последниот извештај. Ховит со амадман бара „решавање на билатералните прашања во констурктивен дух и земајќи ги предвид севкупните интереси на ЕУ и вредностите на Унијата“.

- Во врска со одлуката на Советот да ги отвори пристапните преговори со Македонија пред крајот на јуни оваа година, инсистираме дека билатералните прашања не значи дека треба да ги опструираат преговорите за членство во Европската унија, се вели во амадманот поднесен од Маковеј, Тенок и Кристијан Дан Преда (ЕПП).

„Добрососедски односи“ и „брзо решавање на спорот со името“ е најчестата фраза што се употребува во амандманите на бугарските и грчките европратеници, заедно со поддршка на делувањето на македонската опозиција и барање да се осуди власта во Македонија за политичката криза, која според нив треба да влијае на евроинтегративните процеси на државата.

Бугарите Ковачев и Илчев бараат „властите да усвојат пристап кон историјата базиран на фактите, особено во однос на едукативните материјали и јавни настапи, како во земјата, така и на меѓународно ниво, со цел да се намалат меѓуетничките и регионалните тензии“. „Ги повикуваме властите да воведат едукативни материјали без идеолошки интерпретации на историјата и говор на омраза против соседните земји, лево од комунистичката ера“.

Она што го најави, бугарскиот европратеник Димитар Стојанов го приложи и како амадман, а тоа е барање од Европската комисија да прекине со натамошно финансирање на нашата земја од Инструментот за предпристапна помош (ИПА)! Според Стојанов, она што тој бара да влезе во Резолуцијата на ЕП, како што наведува е „поради говорот на омраза, не е оправдано средствата на европските даночни обврзници да бидат потрошени за финансирање на политиките на земја-кандидат“.

Стојанов бара македонските власти да ја почитуваат одлуката на Европскиот суд во врска со човековите права и „да ја регистрираат организацијата на луѓето со бугарска самосвест ‘Радко’ како политичка партија“. Исто така, тој бара да престане државното финансирање на културни проекти, посочувајќи го за пример филмот „Трето полувреме“, каде според него „се изнесени шпекулативни сугестии и искрени историски лаги и нанесуваат тешка навреда на бугарските народ и имаат за цел да ги провоцираат добрососедските трендови меѓу граѓаните на Бугарија и земјата-кандидат“.

Но, пратеникот од АТАКА тука не застанува, па тој има и амадман со кој бара Европскиот парламент да ја повика Владата на БЈР Македонија (н.з. така ја условува нашата земја, иако е признаена под Уставното име од неговата држава) да покаже волја за добрососедство, како што напоменува „со тоа што ќе го реши со децении мародерското уривање и исмевање на бугарските воени гробишта на нејзина територија“.

Гркинките Елени Копа и Јанаку, нивниот сограѓанин Николаос Шунтис, како и Бугарите Стојанов, Илчев и Ковачев имаат идентични амадмани да се избрише предлогот на известувачот Ховит за да се поздрави употребата на придавката „македонски“ во последниот извештај на Европската комисија. Притоа, пратеникот Шунтис дури бара и да се избрише придавката и Комисијата, како и ЕП истата да не ја употребуваат.

Грците и Бугарите имаат идентични амадмани и на предлогот на Ховит дека „Европарламентот се согласува со Комисијата дека земјата ги исполнува сите политички критериуми“, па Салавракос и Кирилов бараат да се стави „сериозна загриженост за последните политички случувања и почитување на демократијата“, додека Стојанов сака дециден став од ЕП дека “земјата не ги исполнува политичките критериуми“!

Стојанов оди понатаму и бара да не се употребува терминот „Бугарин“ во нашата земја а во врска со национална припадност, бидејќи, според него, тоа било пејоративно и навредливо обраќање во политичката дебата и бара политичките сили „да го исчистат својот говор од јазикот на омраза“.

Романката Норика Николај (либерали) и Британецот Чарлс Тенок имаат амадман со кој жалат за последните политички случувања во земјата и потсетуваат дека „Собранието е примарен форум за дебата во парламентарната демократија и ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот, со цел да ги претставуваат граѓаните кои гласале за нив на последните избори, а ја храбриме Владата да ги превземе сите можни чекори за обновување на политички дијалог и да се создадат услови за ефективна и транспарентна активност на Собранието“.

Бугаринот Кристијан Вигенин сака ЕП да се обврзе дека „настаните поврзани со контроверзното носење на буџетот за 2013 година во Собранието во декември 2012 година, значи сериозен чекор назад во политичкиот дијалог и функционирањето на демократските институции во земјата“, при што повикува Владата да ја превземе одговорноста во овој поглед и да се вклучи во конструктивен дијалог со опозицијата, кој би се одвивал во парламентот како клучна демократска институција.

Самиот известувач Ховит има неколку амадман со кој наместо „засилување на изборниот код и зголемување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР“, сега бара „превземање на акција за целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР со цел зголемување на транспареннтоста во финансирањето на партиите“. Тој предлага и цел нов параграф во врска со политичките случувања во Македонија.

„ Ги забележуваме со загриженост последните политички случувања во земјата со кои се ризикува оттргнување на сите страни во клучното време за пристапување во ЕУ пред дискусиите на Европскиот совет. ЕП верува дека Собранието е примарен форум за соочување и решавање на прашања и се повикуваат сите партии да се вклучат конструктивно во парламентарен дијалог. Притоа ги подравуваме состаноците меѓу Владата и лидерите на опозицијата и личното лидерство од страна на комесарот за проширување. Договорено решение и враќање на парламентарната расправа ќе биде во интерес на сите политички партии во земјата во рамки на агендата за интеграција во ЕУ и НАТО, но и позитивна акција за домашните економски околности, што е од клучно значење за иднината на сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност“, вели Ховит во амандманот.

Повик за враќање на опозициската СДСМ во Парламентот и учество на локалните избори, со цел да не влијае таквата ситуација на евроинтеграцијата на Македонија, има и во уште неколку други амадмани.

Словенката Тања Фајон има и амадман во кој изразува жалење за падот на Македонија на листата на „Репортери без граници“ во врска со слободата на медиумите.„Повикуваме на зајакнување на професионалните стандарди во новинарството, истражувачко новинарство, промовирање на медиумски плурализам, независност на јавниот радиодифузер и транспарентност во сопственоста на медиумите. Поради недостаток на саморегулаторен орган за медиумите, постои широка автоцензура кај новинарите и голем дел од кампањите што се финансирани од Владата завршуваат кај пријателските медиуми на Владата“, се вели во амандманот на Фајон. Во однос на поднесените амандмани АФЕТ ќе расправа на 25. февруари, а ќе гласа на 4 март.Усогласената резолуција за Македонија Европскиот парламент ќе ја усвојува меѓу 15 и 18 април.(Н.Р.)


Статијата е прочитана 4801 пати.


Испрати коментар



Попоски се сретна со амбасадорите од ЕУ и НАТО
Ставрески - Зголемување на даноците нема да има
Евтината струја влезе во Парламентот
Интернетот не стави на трето место во регионот
Телевизори и интернет за пациентите на четири клиники
МЕПСО ќе гради нови далноводи
Гостиварскиот полицаец не бил во патолошки ефект
Измените на Деловникот за суспендирање на демократијата
Проект за подобри макроекономски прогнози
МПЦ - Да се реши проблемот со осигурување на црквите
По Виена, Скопје пие најчиста вода во Европа
Европскиот парламент одбива да ја жртвува иднината на ЕУ
Субвенцијата за куќа зголемена од 50 на 75 отсто
Регистрирани нови 1.869 лица со симптоми на грип
Во резервна гума од автомобил скрил дрога
Аврамопулос го промовира „грчкиот карактер“ на регионот Македонија
Се самозапалил жител на Инџиково, повредени сопругата и децата
Синодот расправа за изгорениот манастир Трескавец
Македонска делегација на Молитвениот појадок
Шпанската полиција заплени 4,5 тони кокаин
Николиќ го отвора трезорот на Тито
Благајник на СПЦ украл еден милион евра
Брисел го договара седумгодишниот буџет
САД го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина
Македонија оценета како пример за регионот
Митинг на „Сојузот за иднината“ во Тетово
Јохан Тарчуловски го чека март
Климатските промени ја влошуваат епидемијата на грип
Од утре дожд и снег
Мисовски - Нема разногласие, ниту омекнување на ставовите
Од недела расчистување на последиците од пожарот во Трескавец
И Трајановски ќе собира идеи и предлози од скопјани
Законот за еднополовите бракови помина во британскиот парламент
ВМРО-ДПМНЕ предлага ограничување на дискусиите на пратениците
Отфрлен предлогот пратениците да имаат обезбедување
Инсталација или неисправен оџак можни причини за пожарот
Руфи Османи по втор пат во трка за Гостивар
Таткото на Тушевски го обвини Бошкоски за убиство на синот
Јахјага-Ромпуј - Дијалогот во функција на европскиот дух
Иванов преку грчкиот амбасадор пак го повика Папуљас на средба
Храбри кавадарчани фатија крадец на дело
Автобус излета од патот Берово-Виница, нема повредени
Македонска храна и лекови најинтересни за американскиот пазар
Македонски лекари ќе се обучуваат во Хјустон
„Шкода“ го произведе 15-милионитиот автомобил
Македонски компании на „Фруит Логистика 2013“ во Берлин
Грција стравува од радикални штрајкови
ОМД отвори ограноци во Германија и Холандија
Пекинг предлага кратење на помошта за Северна Кореја
Десеткратно намалена добивката на „Волво“
Вељаноски во Њујорк оствари средба со Јеремиќ
Лук Симпкинс
Заштитениот сведок во „Бреза“ призна дека лажел
МПМ нема да објавува платени политички реклами до почетокот на изборната кампања
Гроган ја услови препораката со решение за кризата
Владата издвои 615 илјади денари за санација на Трескавец
Почнува собирањето средства за обнова на Трескавец
Жените бараат флексибилно работно време
„Вип“ го промовираше „LG Nexus 4“
Жерновски - Предлогот на Иванов е дел од решението, но не и решение
Истражниот судија го чека вештачењето за пожарот во Пошта
Размената со странство лани паднала за 8,3 отсто
Србин приведен за нападот во Косовска Митровица
Македонија без опозиција на појадокот во САД
Франсоа Оланд - Да се штеди да, да се ослабе економијата не!
САД ќе поднесат граѓанска тужба против „Стандард и Пурс“
Спречен шверц на накит вреден 65.000 евра
Едукација и законска регулатива за побезбеден интернет
Битолчанец силувал 16 годишно девојче
„Скопје сити мол“ добро би се справил со евентуални ризици
Попоски - Датум за време на ирското претседавање од историско значење
Воздухот во Грција загаден до опасно ниво
Македонски ИТ компании ќе се претстават во Дизелдорф
Протестниот караван на СДСМ со променета маршрута
(ФОТО) Почнува истрагата за причините за пожарот во Трескавец
Кина е најголем добитник во Авганистан
Две деца повредени во експлозија во Косовска Митровица
Саудиски имам бара бурки за бебиња
„Златна зора“ на линија со германските неонацисти
Вељаноски во Њујорк ќе се сретне со Јеремиќ
Џон Меккејн го нарече Ахмадинеџад мајмун
Грчкиот министер за финансии доби куршим по пошта
ФБИ го спаси детето заложник во Алабама - киднаперот е мртов
Изгаснат пожарот во манастирот „Трескавец“
Вељаноски му се заблагодари на Бан Ки-Мун за ангажманот за името
Пожарот во Трескавец под контрола, црквата спасена
Изгоре манастирот „Трескавец“ кај Прилеп
Македонец осуден на 20 години затвор за убиство на сопругата



Mile od Sankt Peterburg, 05.02.2013 17:31:13
Veke 100 000 Makedonci imat bugarski pasos(25 000 cekat) i se deklarirali deka imat bugarsko poteklo ova e 10% od Makedoncite . Sega sakam da ja prasam vladata na koj ke vervat od EU koga ima dokumeti deka 100 000 luge(so majkite i tatkovcite 300000) se deklarirat kako bugari vo Makedonija??Tuku so vakvi politicati ke odim samo vo izolacija,albanizacija i asmilacija pa ovcite pak ke glasat za DPMN,neli ?
Dime, 05.02.2013 18:25:30
Ima i okolu 200000 makedonci so avstraliski pasosi pa da poveruva EU deka avstralici ziveat vo Makedonija ili tuka se raboti za teritorijalni pretenzii od strana na BuGarija pa nabrzina saka da pravi nejzina istorija na balkanot.Treba jasno da im se kaze na ovie zemji deka MAkedonija otkako ke vleze vo EU na ramnopravni osnovi ke razgovara za ovie prasanja inaku se drugo smeta za neopravdani pritisoci so zadnina teritorijalni pretenzii vo sprotivno jasno da im ukaze deka zaclenuvanje pod opstrukkcii na superiornost ne e nikako prifatlivo i takvoto da go stavi vo miruvanje.Ovie gledni volci okolu makedonija ocigledno ne gi nasituvaat clenstvo vo EU site povolnosti koi gi uzivaat od clenstvoto pa namesto da ni bidat primer se poveke zalicuvaat na izmetot od starata dama Evropa.
Nekoj, 05.02.2013 18:36:51
Da povtoram, na bugarite im e najkrivo sto ne se Makedonci.
Kojco, 05.02.2013 22:20:01
Зошто е молк во нашата влада за 60 метарско Македонско знаме што треба за некој ден да бидне на граничниот премин Деве Баир. За таа провокација кон Бугарското и знамето на ЕУ што ке бидат на 10 метра од нашето знаме. Плоштатката е избетонирана и се чека само на монтажа. Со каков ПАМЕТ Груевски мисли да влезе во ЕУ и НАТО. За некој ден ќе биднеме слични на Северна Кореја, али ние финансиски многу послаби од неа.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ситен дожд

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Првиот и единствен дневен спортски весник „Македонски спорт“ го промовира своето ново издание, кое ќе излегува целосно в...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
97.Chuck Berry, „Roll Over Beethoven“
Автор: Berry; продуценти: Leonard и Phil Chess; објавена: мај ’56, „Чес“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |