05.02.2013, 11:45 Две деца повредени во експлозија во Косовска Митровица
Две деца од српска националност синоќа се повредени кога непознато лице фрлило експлозивна направа врз една српска куќа во Бошњачкото маало, во Косовска Митровица.
Децата, на возраст од три и девет години, сместени се во Здравствениот центар во Косовска Митровица и се во стабилна сотојба.
Полицијата на лице место изврши увид.
Бошњачко маало е еден од мешаните квартови во Косовска Митровица во кој живеат и Срби и Албанци. |