Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.02.2013, 12:05

Кина е најголем добитник во Авганистан

Пекинг не е подготвен да влета во каков било вакуум создаден од повлекувањето на странските сили во 2014 година, но пресвртот кон Авганистан е во тек

Повеќегодишниот набљудувач на конфликтот во Авганистан, Кина почнува да се вклучува привлечена од огромните рудни ресурси, но додека странските сили под водство на Американците се подготвуваат за повлекување, Пекинг е загрижен дека каков било хаос по 2014 година може да ги охрабри исламистите.

Поддржувана од САД и другите западни влади, кои на азискиот гигант гледаат како на стабилизирачки фактор, Кина може да биде краен добитник во Авганистан, а не проли крв, ниту пак пр��жи помош.

Меѓутоа, безбедноста, поточно нејзиниот недостиг, останува најголем предизвик. Кинеските компании веќе се ангажираа околу три инвестициски проекти вредни милијарди долари, но нема да одат напред ако околностите не станат безбедни.

Иако не делува дека Кина е подготвена да влета во каков било вакуум настанат со повлекување на странските сили, пресвртот кон Авганистан е во тек.

Пекинг минатото лето потпиша договор за стратешко партнерство со таа земја разрушена од војната. Тоа во септември беше проследено со посетата на Кабул на висок функционер од безбедноста, прв висок функционер на кинеската влада по 46 години и со најавата дека Кина ќе обучува 300 авганистански полицајци.

Кина исто така покажува подготвеност да помогне на преговорите за мир додека НАТО се подготвува на повлекување до крајот на 2014 година.

Растечката економска моќ очигледно на Кина и овозможува нова улога и поголемо влијание во глобалните дејности. Успехот, иако не е загарантиран, може да значи голема корист за земјата гладна за суровини, која сака да ја зачува стабилноста во регионот Синјанг.

- Ако сте способни да сметате на горе-доле стабилна состојба во Авганистан, и ако стане уште една релевантно нормална држава на централна Азија, Кина ќе биде природен добитник – вели Ендрју Смол, експерт за Кина во Германија на Маршаловиот фонд во САД, американски истражувачки институт.

– Кина е единствен играч која може да обезбеди ниво на инвестиции неопходно за успех на Авганистан.

Во текот на претходната деценија цветаше кинеската трговија со соседните земји на Авганистан кои се богати со суровини. На Туркменија трговијата со Кина претставува 21 отсто од бруто производот во 2011 година, додека според анализите на ММФ пред една година изнесувало само 1 процент.

Соодветниот број за Таџикистан е 32 отсто од БДП, а спротивно на 12 проценти во 2006. Кинеската трговија со Авганистан е скромни 1,3 проценти од неговиот БДП од 2011 година.

Гледајќи кон рудните резерви на Авганистан проценети на 1.000 милијарди долари, кинеските компании собираат права на вадење на големи количини на бакар и јаглен, а први по една деценија добија концесија за експлоатација на нафта. Кина исто така е заинтересирана за големи резерви на литиум кој се користи во поширок распон од батерии до нуклеарни компоненти.

Кинезите покажуваат интерес за инвестирање во хидропотенцијали, земјоделство и градежништво.

Ванг Љан, експерт за Централна Азија на Универзитетот во Пекинг, забележува дека Кина е историски поврзана за Авганистан, бидејќи тој е раскрсница на Азија.

- Неоспорно е дека Кина сноси одговорност што учествува во политичката и економската обнова на Авганистан.

Стабилен Авганистан, вели Ванг, е од витално значење за безбедноста на Синјанг, на западот на Кина, каде исламистичките милитанти бараат независност. Некои добија заштита и обука во Пакистан и долж неговата граница со Авганистан. Пекинг стравува од хаос или победа на талибанците.

Вашингтон го охрабрува Пекинг да ги зајакне инвестициите и испраќањето помош за Авганистан и учеството на Кина во различни мировни иницијативи, вклучувајќи го и форумот Пакистан-Авганистан-Кина што се одржа минатиот месец по втор пат.

Дауд Морадијан, кој е шеф на авганистанскиот Институт за стратегиски студии во Кабул, соопшти дека Кинезите трговуваат претпазливо - свесни за недостигот на експертиза во комплексен политички терен што беше стапица за многу од големите сили.

"Кинезите се двосмислени. Не сакаат талибанците да се вратат на власт и се загрижени дека тие би можеле да го пополнат вакуумот по 2014 година, но не ги сакаат и американските војници во нивното соседство. " (АП)


Статијата е прочитана 863 пати.


Испрати коментар



Попоски се сретна со амбасадорите од ЕУ и НАТО
Ставрески - Зголемување на даноците нема да има
Евтината струја влезе во Парламентот
Интернетот не стави на трето место во регионот
Телевизори и интернет за пациентите на четири клиники
МЕПСО ќе гради нови далноводи
Гостиварскиот полицаец не бил во патолошки ефект
Измените на Деловникот за суспендирање на демократијата
Проект за подобри макроекономски прогнози
МПЦ - Да се реши проблемот со осигурување на црквите
По Виена, Скопје пие најчиста вода во Европа
Европскиот парламент одбива да ја жртвува иднината на ЕУ
Субвенцијата за куќа зголемена од 50 на 75 отсто
Регистрирани нови 1.869 лица со симптоми на грип
Во резервна гума од автомобил скрил дрога
Аврамопулос го промовира „грчкиот карактер“ на регионот Македонија
Се самозапалил жител на Инџиково, повредени сопругата и децата
Синодот расправа за изгорениот манастир Трескавец
Македонска делегација на Молитвениот појадок
Шпанската полиција заплени 4,5 тони кокаин
Николиќ го отвора трезорот на Тито
Благајник на СПЦ украл еден милион евра
Брисел го договара седумгодишниот буџет
САД го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина
Македонија оценета како пример за регионот
Митинг на „Сојузот за иднината“ во Тетово
Јохан Тарчуловски го чека март
Климатските промени ја влошуваат епидемијата на грип
Од утре дожд и снег
Мисовски - Нема разногласие, ниту омекнување на ставовите
Од недела расчистување на последиците од пожарот во Трескавец
И Трајановски ќе собира идеи и предлози од скопјани
Законот за еднополовите бракови помина во британскиот парламент
ВМРО-ДПМНЕ предлага ограничување на дискусиите на пратениците
Отфрлен предлогот пратениците да имаат обезбедување
Инсталација или неисправен оџак можни причини за пожарот
Руфи Османи по втор пат во трка за Гостивар
Таткото на Тушевски го обвини Бошкоски за убиство на синот
Јахјага-Ромпуј - Дијалогот во функција на европскиот дух
Иванов преку грчкиот амбасадор пак го повика Папуљас на средба
Храбри кавадарчани фатија крадец на дело
Автобус излета од патот Берово-Виница, нема повредени
Македонска храна и лекови најинтересни за американскиот пазар
Македонски лекари ќе се обучуваат во Хјустон
„Шкода“ го произведе 15-милионитиот автомобил
Македонски компании на „Фруит Логистика 2013“ во Берлин
Грција стравува од радикални штрајкови
ОМД отвори ограноци во Германија и Холандија
Пекинг предлага кратење на помошта за Северна Кореја
Десеткратно намалена добивката на „Волво“
Вељаноски во Њујорк оствари средба со Јеремиќ
Лук Симпкинс
Заштитениот сведок во „Бреза“ призна дека лажел
Канонада од грчки и бугарски амандмани во ЕП
МПМ нема да објавува платени политички реклами до почетокот на изборната кампања
Гроган ја услови препораката со решение за кризата
Владата издвои 615 илјади денари за санација на Трескавец
Почнува собирањето средства за обнова на Трескавец
Жените бараат флексибилно работно време
„Вип“ го промовираше „LG Nexus 4“
Жерновски - Предлогот на Иванов е дел од решението, но не и решение
Истражниот судија го чека вештачењето за пожарот во Пошта
Размената со странство лани паднала за 8,3 отсто
Србин приведен за нападот во Косовска Митровица
Македонија без опозиција на појадокот во САД
Франсоа Оланд - Да се штеди да, да се ослабе економијата не!
САД ќе поднесат граѓанска тужба против „Стандард и Пурс“
Спречен шверц на накит вреден 65.000 евра
Едукација и законска регулатива за побезбеден интернет
Битолчанец силувал 16 годишно девојче
„Скопје сити мол“ добро би се справил со евентуални ризици
Попоски - Датум за време на ирското претседавање од историско значење
Воздухот во Грција загаден до опасно ниво
Македонски ИТ компании ќе се претстават во Дизелдорф
Протестниот караван на СДСМ со променета маршрута
(ФОТО) Почнува истрагата за причините за пожарот во Трескавец
Две деца повредени во експлозија во Косовска Митровица
Саудиски имам бара бурки за беб��ња
„Златна зора“ на линија со германските неонацисти
Вељаноски во Њујорк ќе се сретне со Јеремиќ
Џон Меккејн го нарече Ахмадинеџад мајмун
Грчкиот министер за финансии доби куршим по пошта
ФБИ го спаси детето заложник во Алабама - киднаперот е мртов
Изгаснат пожарот во манастирот „Трескавец“
Вељаноски му се заблагодари на Бан Ки-Мун за ангажманот за името
Пожарот во Трескавец под контрола, црквата спасена
Изгоре манастирот „Трескавец“ кај Прилеп
Македонец осуден на 20 години затвор за убиство на сопругата



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ситен дожд

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Првиот и единствен дневен спортски весник „Македонски спорт“ го промовира своето ново издание, кое ќе излегува целосно в...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
97.Chuck Berry, „Roll Over Beethoven“
Автор: Berry; продуценти: Leonard и Phil Chess; објавена: мај ’56, „Чес“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |