05.02.2013, 10:03 Вељаноски во Њујорк ќе се сретне со Јеремиќ
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска во Њујорк ќе се сретне со претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Вук Јеремиќ.
На средбата ќе присуствуваат и пратениците Владимир Ѓорчев и Александар Спасеновски.
Вељаноски синоќа во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Како што изјави Вељаноски по средбата, главни теми на разговор биле процесот на разговори со Грција за надминување на спорот за името на Република Македонија, кој се води рамките на Обединетите нации, како и соработката меѓу Македонија и Обединетите нации во повеќе полиња.
|