07.02.2013, 12:41 Се самозапалил жител на Инџиково, повредени сопругата и децата
Триесет и седумгодишниот Т.Г. од село Инџиково, ноќеска десет минути по полноќ се полеал со запаллива течност, а потоа се самозапалил.
Според првичните информации на полицијата, Т.Г. по претходна расправија со две години помладата сопруга С.Г. во нивната куќа на улица „10“, излегол на терасата од куќата и се полелал со запалива течност, а потоа се самозапалил при што дел од течноста се излеала по скалите и настанал пожар. Сопругата и двете малолетни деца (15 и 13 години) бегајќи од куќата при слегување по скалите се здбоиле со изгореници по нозете.
МВР потврди дека целото семејство е пренесено и задржано на лекување во градската болница „Свети Наум Охридски“.
Првично, од пожарот е причиниета незначителна материјална штета, а деталите ќе бидат у��врдени при денешниот увид на надлежните институции.
|