11.02.2013, 13:44 Ќерката на Мик Џегер живее во социјален стан
Најстарата ќерка на пејачот на „Ролингстоунс“ живее во општински стан, кој го изнајмува за 150 евра
Џејд Џегер, најстарата ќерка на пејачот на „Ролингстоунс“, Мик Џегер, денес живее во општински стан, кој го изнајмува за 150 евра, иако имотот на нејзиниот славен татко е проценет на над 235 милиони евра.
Откако минатата година се омажи за диџејот Адријан Филари, 41-годишната дизајнерка на накит, Џејд Џегер, живее со сопругот во еднособен стан, во комплекс кој првенствено е наменет за социјално загрозени категории.
Станот се наоѓа на јужната страна на Темза, а повеќето станари се луѓе кои имаат најниско платена работа, имаат некој вид инвалидитет или се бездомници. Интересно е дека Џејд и нејзиниот сопруг дури и својата фирма ја пријавиле на оваа адреса.
Додека Џејд и нејзиниот сопруг живеат во мал општински стан, имотот на нејзиниот татко Мик Џегер е проценет на над 235 милиони евра, со голем број недвижнини низ Англија и светот. Меѓутоа, Џејд одамна изјавила дека никогаш нема да зависи од парите на татко и'. Имајќи предвид дека нејзината фирма одлично работи, како и дека минатата година го продала станот во Лондон за околу два милиона евра, како и дека има куќа на Ибица, која е вредна околу 3,5 милиони евра, малку зачудува што избрала да живее во стан кој го плаќа 150 евра месечно.
|