14.02.2013, 14:57 Џеко на продажба заради Кавани
Уругваецот веќе подолго време е цел на „граѓаните“, а со тимот во кој соиграч му е Горан Пандев во моментов се на втората позиција на табелата во Серија А
Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити има намера во летниот преоден рок да го продаде Един Џеко и да обезбеди дел од 52 милиони фунти што планира да ги потроши за доведување на Единсон Кавани од Наполи, пишуваат медиумите на островот.
Уругваецот веќе подолго време е цел на „граѓаните“, а со тимот во кој соиграч му е македонскиот репрезентативец Горан Пандев во моментов се на втората позиција на табелата во Серија А. Меѓу најзаслужните за тоа е токму Кавани, кој со 18 гола е најдобар стрелец во ита��ијанското фудбалско првенство по 24 одиграни кола.
|