12.02.2013, 12:38 Оставка на нигерискиот селектор Кеши
Тој со ваквиот потег ги надитри раководните луѓе на националната фудбалска федерација, кои се подготвувале да го сменат уште пред одигрувањето на четврт-финалето
Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија, Стивен Кеши, поднесе неотповиклива оставка еден ден по триумфот на Купот на африканските нации со победата над Буркина Фасо од 1:0. Тој со ваквиот потег ги надитри раководните луѓе на националната фудбалска федерација, кои се подготвувале да го сменат уште пред одигрувањето на четврт-финалето, но успесите на Нигерија до крајот на првенството ги натерало да ја променат својата намера.
Фудбалската федерација н�� Нигерија најави дека ќе ја разгледа оставката на Кеши и ќе се обиде низ уште еден разговор да ги надминат недоразбирањата со селекторот во оставка.
|