13.02.2013, 16:11 Фотографии од бремената Кејт Мидлтон во бикини
Италијанскиот магазин „Ки“, кој на остатокот на светот му е најпознат по објавувањето на разголените фотографии на Кејт Мидлтон, повторно е на удар на кралското семејство, но овој пат поради фотографиите на бремената Кејт во бикини.
Станува збор за фотографиите снимени на карипскиот остров Мјустик, а од палатата Сент Џејмс тврдат дека тоа е напад на приватноста. „Разочарани сме од информацијата дека фотографиите на Кејт од приватниот одмор повторно им се достапни на сите“, рекол портпаролот на палатата.
Фотографијата, наводно, ја покажува 31-годишната Кејт во прегратка на сопругот Вилијам, а дали „Ки“ повторно ќе се најде на суд наскоро ќе се види.
|