13.02.2013, 16:16 Австријците со екипното злато во Шладминг
Домаќинот Австрија триумфира во мешани тимови на Светското првенство во алпско скијање во Шладминг. Австријците во финалето ја совладаа Шведска со 4:0, што е голем поттик за организаторот по разочарувачките две бронзи во претходните шест финалиња на мундијалот. За новиот светски шампион настапија Хосп, Кирхгасер, Талман, Хиршер, Матис и Шергхофер.
„Не беше лесно. Целата земја ја гледаше австриската репрезентација“, изјави специјалистот за слалом Марсел Хиршер. „Се обидовме да дадеме сто отсто и мислам дека секој од нас заврши доста добра работа. Сите слават и тоа е совршено“.
Германија и' го грабна бронзениот медал на Канада откако Фриц Допфер го победи Филип Браун за само една стотинка во последната трка од нивниот плејоф.
|