13.02.2013, 12:43 Дрогба може да игра за Галатасарај
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска дојде од кинескиот прволигаш Шангај Шенхуа, кој падна во финансиска криза, а Дрогба не ги прикажа очекуваните игри на далечниот Исток
Дидие Дрогба ќе може да игра за Галатасарај, со кој потпиша 18-месечен договор, реши ФИФА. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска дојде од кинескиот прволигаш Шангај Шенхуа, кој падна во финансиска криза, а Дрогба не ги прикажа очекуваните игри на далечниот Исток.
Кинезите бурно реагираа на неговиот трансфер во турскиот тим, тврдејќи дека 34-годишниот напаѓач немал право да потпише за друг клуб поради тоа што има важечки договор ��о нив. Шангај упати жалба до ФИФА, барајќи да се поништи договорот на Дрогба со Галатасарај и тој да се врати во Кина. Во образложението за отфрлањето на жалбата на кинескиот клуб, пак, ФИФА наведува дека на фудбалерот не му се исплатени сите средства според договорот.
Навивачите на Галатасарај, кои нестрпливо го очекуваат дебито на Дрогба, се надеваат дека тоа ќе се случи претстојниот викенд.
|