14.02.2013, 09:34 Авион со навивачи се урна во Доњецк, петмина загинати
Пет лица загинаа, а 12 се повредени кога авион АН-24 се преврте синоќа при принудно слетување во услови на густа магла во источниот украински град Доњецк, соопштија локалните власти.
Локалната канцеларија на службата за вонредни состојби соопшти дека спасувачко-истражувачките работи завршиле.
Авионот, кој е во сопственост на украинска авиокомпанија, во Доњецк пристигнал од Одеса. Тој се урнал на само 700 метри од аеродромската писта.
Во авионот, кој извршувал чартер лет од Одеса за Доњецк, имало 46 лица - 36 патници и осум членови на екипажот. Сите патници биле фудбалски навивачи, кои се упатиле на натпреварот од Шампион лигата на УЕФА меѓу Шахтјор Доњецк и Борусија Дортмуд.
Според првичните информации несреќата се случила поради откажување на моторот. |