12.02.2013, 18:08 Усвоен изменетиот Деловник
На сличен начин, набрзина како и овој пат, беше донесен Деловникот и во 2008 година
Денеска некаде по 17 часот Собранието ги усвои измените на Деловникот, со кој се ограничуваат дискусиите при распаравата за усвојување на Уставот, уставни амандмани, Буџетот и во комисиите кои расправаат за економски закони и закони со европско знаменце. Целата процедура за измената на Деловникот траеше само неколку денови и него го усвоија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Владејачкото мнозинство не ја послуша препораката на Европската комисија Деловникот да се донесе со поширок консензус на сите политички партии претставени во Собранието. На сличен начин, набрзина како и овој пат, беше донесен Деловникот и во 2008 година, а потоа по интервенцијата на Европската унија беше менуван. (П.Р.)
|