12.02.2013, 15:35 Одобрени помалку лекувања за странство
Од почетокот на годинава, или за едем месец од кога почна да важи правилото пациентите да учествуваат само со 200 евра за лекување во странство, Фондот за здравствено осигурување одобрило двојно помалку лекувања во странство во псоредба со истиот период лани.
Во јануари годинава од вкупно осум пацинети кои побарале да се лекуваат во странство, бидејќи биле исцрпени можностите за терапија во земјава, стручните фондовски комсиии дале виза само на пет пациенти.
Само за споредба во јануари минатата година, Фондот од 15 барања, одобрил лекување во странство за 12 пацинети. Но, затоа за пет пати повеќе се зголемени средствата за оваа намена, односно ако минатата година за лекување во странство во јануари биле издвоени околу 82.000 евра, годинава се околу 400.000 евра.
Намалениот број на лекувања во странство, директорот на ��ондот за здравствено осигурување Јован Грповски го објаснува со помалиот број на барања за лекувања во странство и дека дел од тие интервенции може да се извршат и кај нас, а не зошто Фондот од годинава покрива повеќе од 90 отсто од цената на потребниот третман во некоја странска болница.
„Од осумте барања пет се позитивни, три негативни бидејќи интервенциите може да се извршат во Македонија, а еден од нив е со некомплетна документација“, истакна директорот Грповски. Според него, ова покажува дека нашиот здравствен систем се' повеќе јакне и кај нас се зголемуваат можностите за терапија на болните, без да заминуваат надвор од земјава. Тоа го покажуваат податоците за бројот на лекувања во странство пет години нананзад. „Ако порано се издвојувале средства за детски кардиохируршки операции, сега Фондот одобрува пари само за комплицирани и тешки детски срцеви операции, како и за деца до 9 месеци. Другите интервенции се работат во нашите приватни болници, со кои Фондот има склучено рамковен договор да се плаќаат здравствени услуги кои не се вршат во државното здравство“, објасни Грповски. (Ј.Ј.В.)
|