Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
12.02.2013, 17:29

Цел Брисел во Македонија

Освен европарламентарците и Ричард Ховит, денеска во земјата повторно дојде „невидливиот“ Стефано Санино

Слободанка Јовановска

Не знаат за насилното исфрлање од Парламентот, а знаат дека имало над 1.500 амандмани за да се блокира буџетот. Не го виделе видеото, ама знаат кој е виновен што нема политички дијалог, а има политичка блокада.

Вака некако изгледаше прес-конференцијата на европарламентарците од сродните на ВМРО-ДПМНЕ народни партии во Европскиот парламент, кои денеска дојдоа да ни помогнат да се надмине политичката криза, а немаа договорено воопшто средба со опозицијата туку само со државниот врв.

Нивната главна порака беше дека опозицијата треба да се врати во Парламентот, зашто вака пораката што ја праќа до Брисел е грешна и ќе стане пречка за добивањето преговори. Тие беа предводница на медијаторската мисија на известувачот Ричард Ховит, но и на директорот во Директоратот за проширување Стефано Санино, кој дојде повторно денеска напладне и имаше бројни средби со претставници на владејачката коалиција и опозицијата. И овој пат се правеа обиди посетата на Санино да остане тајна, наспроти нападната гласност што ја доби последните денови таа на Ховит, иако неговата преговарачка улога е многу помала.

До кога ќе остане Санино и што носи во ракав никој не сакаше да соопшти, но упорното непотврдување на датумот на посетата на еврокомесарот Штефан Филе на 19 февруари од страна на Брисел е сигнал дека за да се оствари таа, Санино мора нешто да постигне. Сите тие, заедно со амбасадорите во земјата, ќе се обидат неделава да направат доволен меѓународен притисок да не пропаднат изборите, да не биде негативен извештајот на ЕК и во јуни да не отпадне препораката за преговори со Македонија.

(Повеќе во печатеното и електронското издание на Утрински Весник)


Статијата е прочитана 2387 пати.


Испрати коментар



Викторија Нуланд на местото на Филип Гордон
СДСМ незадоволен од одбивањето на инцијативата на АМАН
На Харадинај му е одземена титулата почесен граѓанин на Тетово
Ховит како рамо за плачење
Санино бил очаен, но не се откажува
Македонија пред украинските бизнисмени
Универзална сала ќе се урне до темел и одново ќе се гради
Мигранти од Мали и Сенегал се криеле во воз
„Нинџа“ има алиби дека не пукал во сведокот од „Детонатор“
„Макс ТВ“ има 70.000 корисници
Иванов очекува позитивен одговор од опозицијата
Демократскиот сојуз повикува на лидерска средба
За една недела нови 2.400 заболени од грип
Закроени лозјата во Тиквешијата
Нелегален имигрант се самозапали на аеродромот во Рим
Аврамопулос со Бан Ки Мун, Самарас со Обама
Нема траги од радијација по севернокорејската нуклеарна проба
Попоски - Неодговорното однесување ја загрозува европската агенда
��звештајот за „Пошта“ в недела на Влада
Оворена НОКИА лабораторија за мобилни технологии на ФИНКИ
ВМРО-НП - Зошто премиерот молчи за замрзнатите сметки на Субрата?
ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД бараат итно да се реши политичката криза
Ховит на местото на парламентарното насилство
„Фигаро“ - Турбофолк скандал во Бугарија
Иванов на традиционално закројување на лоза во струмичкото
Нема договор за парламентарни избори
Авион со навивачи се урна во Доњецк, петмина загинати
Ховит - Сликата за Македонија е усложнета
Казна од 1000 евра за непријавен работник
Иницијативата на АМАН не доби поддршка во Собранието
Груевски - Случувањата во парламентот да се решат низ дијалог
Георгиев - Без парламентарни, не одиме на локални избори
Вештаците сведочеа за „Монструм“
Нова месна афера во Британија - свинско наместо говедско
За Даблин напредок околу името мора да има
Акционерски друштва злоупотребувале средства на ФПИОМ
Квалитетот на производите ќе биде услов за субвенции
Димовски - „Винеа“ мора да ги исплати винарите до 30 април
Затвор за местење натпревари
Kастро се жали од тешкотиите на староста
Скотланд Јард уапси уште шестмина новинари за аферата со прислушување
Бенедикт Шестнаесетти - Свесен сум за тежината на својата одлука
СДСМ нема да учествува на локалните избори
Рекордна загуба на „Пежо Ситроен“ во 2012 година
Асанж се кандидира за парламентарните избори во Австралија
Милановиќ му одржа лекција на Борисов
Јакнењето на американската средна класа приоритет за Обама
Тешка сообраќајка на патот Кавадарци-Прилеп
Марк Леонард - Грција и Кипар се однесуваат деструктивно на Балканот
Ликвидиран полицаецот-убиец од Лос Анџелес
Усвоен изменетиот Деловник
Санино даде рок до денеска да се реши кризата
Пожар во трафостаница во Тетово, нема повредени
Чекреџи - Со враќањето на ДДВ ќе се намали проблемот со неликвидноста
Потребна е платформа за женско претприемаштво
Одобрени помалку лекувања за странство
ВМРО-ДПМНЕ - Неосновани обвинувањата од опозицијата за УЈП
„Кроација осигурување“ ќе ја плати штетата од пожарот
Секој трет млад човек во ЕУ не може да си најде работа
Груевски - Нема договор за парламентарни избори
Македонец спасил девојка во сообраќајка
Кој ќе го наследи папата?
Државата ги намали обврските кон компаниите за 72,4 милиони евра
Елизабета Чингаровска нов претседател на КХВ
СДСМ - УЈП го штити криминалот и корупцијата
Потпишан меморандум со УКЛА за обука на медицинари
Кампања - Безбедна храна за сите возрасти
Македонија да демонстрира внатрешно единство
Силното евро предизвикува загриженост во Унијата
Никола Ѓурѓај повторно избран за претседател на „Илинден“
Хрватска во ЕУ, овчарите по диплома
Сомнителното млеко од „Дукат“ не е во промет
(ВИДЕО) По оставката на папата, гром удри во базиликата Свети Петар
Волерс - Политичките несогласувања да се решат во интерес на државата
Владата на Мали размислува за мировна мисија на ОН
„Нова димензија“ во истрагата за трговијата со органи во Косово
Обама - Нуклеарната проба на Пјонгјанг е закана за меѓународниот мир
Иран ќе дозволи инспекција на воени бази
Трета нуклеарна проба на Северна Кореја
Евтината струја ќе се враќа со референдум?
Актерката Беличанец изненадување на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода
(ФОТО) Голем пожар пеплоса шест дуќани на Бит-пазар



Крт, 12.02.2013 17:49:05
Дојдоа платените ПАРАДЕРИ од Брисел, видоа, (а пред тоа им дошепнаа) што треба да ,,знаат,, а што не, прокоментираа, дувнаа во едрата на чамецот (во потонување) на ДПМНЕ и си заминаа насмеани и со расширени усти.(Да имаа кармин на усните траг ќе им останеше на ушите). Дали ПЛАТЕНИТЕ господа мислат дека во оваа држава живеат неписмени и малоумни граѓани кои не ги разбираат работите и тоа баш онака како што ги согледуваат.
Mark, 12.02.2013 18:21:24
Pa ne bi rekol *cel* Brisel tuku samo cinovnicite podredeni na File! A eden drug uste povazen del od Brisel, Parlamentarnoto Sobranie na Sovetot na Evropa denes povede inicijativa da se ispita *cija policija nasilno sprecila 42 pratenici slobodno da glasaat*! Ovie ovde sto doagjaat ja spasuvaat birokratskata kozicka na File, Orav i slicnite, a onie tamu go postavuvaat vistinskiot problem! No Makedonskata opozicija ima jasen i nedvosmislen stav, odlucno go brani i sto da se kaze - site zaedno vo odbrana na Demokratijata!
Kojco, 12.02.2013 18:48:27
Е ова не е добро кога цел Брисел е кај нас. Така и војната започна во 2001 година. Грујо удри ја главата малку.
Japonec, 12.02.2013 19:14:31
Ako se ova evropejci, togaj jas sum JAPANAC!!!
Koj kopa grov toj vo nego paga, 12.02.2013 20:06:55
Hehe I na Brisel im skisna samo vo grcijA im pali.
oceski, 12.02.2013 23:03:34
Prvite tri recenici od tekstot kazuvaat se za gostite i nivnata objektivnost. mozda se prijateli so dpmne-po t.n narodni partii vo EU, no so neinformiranost a da davas ocenka kazuva si go spadnaa avtoritetot na eu-pratenici, padnaa na nivo na pratenici od dpmne. No i vo dpmne zanaat deka stavot i mislenjeto na ovie #objektivni# eu-pratenici e nebiten, nema tezina, se e za domasna i predizborna upotreba a taka drzava na se vodi.
домашна работа, 13.02.2013 00:35:19
Овие емисари не идат кај нас дека се е мед и млеко. Тие идат кај нас бидејќи нешто не штима, односно дека нешто не е во ред. Кога ние не можеме да си ги решиме нашите домашни задачи напомош ни идат од Брисел, а тогаш милум или силум ќе ги решиме.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 10°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
91. Elvis Presley, „Suspicious minds“
Автор: Mark James; продуценти: Chips Moman, Felton Jarvis, Presley; објавена септември 1969 година, РЦА
Вечера и појадок за љубовниците
Ви предлагаме мени за Денот на вљубените - со него завршете ја вечерата и почнете го утрото...
Кинеска година на Змијата - Змијата во куќа, гладот од куќа
Една древна кинеска поговорка вели дека змија во куќата е добар знак, бидејќи тоа значи дека вашето семејство нема да гл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |