12.02.2013, 09:56 Владата на Мали размислува за мировна мисија на ОН
Малиската Влада се` уште размислува дали да даде зелено светло за мировна мисија на ОН кога ќе биде воспоставена безбедноста во земјата.
- Веројатно петте постојани членки на Советот за безбедност имаат идентично мислење за неопходноста од ваква мисија, изјави на прес-конференција заменик генералниот секретар на ОН Јан Елиасон.
Тој додаде дека таков е ставот и на земјите од Западноафриканската економска заедница.
- ОН уште немаат добиено согласност од Владата на Мали, која се` уште размислува, истакна Елиасон, кој нагласи дека сините шлемови можат да бидат испратени во земјата откако ќе прекинат судирите и ситуацијата ќе се стабилизира.
За испраќање на сините шлемови потребна е нова резолуција на Советот за безбедност на ОН.
|