14.02.2013, 10:27 Писториус по грешка ја убил девојка си
Убиената е 30-годишниот модел Рева Стенкамп, која сакала да го изненади своето славно момче за Свети Валентин
Човекот што ги освои симпатиите на светската јавност на ОИ во Лондон, на бизарен начин го зацрни своето име. Оскар Писториус бил приведен од полицијата во Преторија под обвинение дека ја убил својата девојка. Бизарно, е тоа што Писториус мислел дека во неговиот дом провалува крадец, а всушност тоа била неговата девојка, која дошла ненајавена. Без размислување истрелал три куршуми во главата и еден во раката и ја убил на самото место.
„Дваесетгодишен маж е приведен поради убиство на 30-годишна жена. Во починатата биле истрелани четири куршуми, кои веднаш ја усмртиле. Се ��ерува дека таа е девојка на обвинетиот“, изјави портпаролот на полицијата, без да го именува Писториус. Сепак, приказната станува сомнителна ако се знае дека од соседството и претходно пријавиле во полиција врисоци и врева од куќата на Писториус, а службите и претходно биле викани за пријави од „домашна природа“.
Убиената е 30-годишниот модел Рева Стенкамп, која сакала да го изненади своето момче за Свети Валентин. Судењето за атлетичарот е закажано за в четврток.
|