12.02.2013, 14:40 ВБА вторпат сезонава подобар од Ливерпул
Вест Бромвич Албион ја забележа и втората победа над Ливерпул сезонава во Премиер-лигата, овој пат славејќи на „Енфилд роуд“ со 2:0, откако Стивен Џерард не реализира пенал во второто полувреме. Тимот чиј член е и македонскиот интернационалец Горан Попов поведе преку Герет Меколи во 80. минута, кој со глава ја искористи само втората шанса за гостите во дотогашниот тек на средбата, во која главно се играше пред голот на ВБА. Конечниот резултат го постави резервистот Ромелу Лукаку во последната минута.
Победата го круниса враќањето од соништата на „Енфилд роуд“ за Стив Кларк, поранешен помошник на Кевин Далглиш во Ливерпул, откако неговата екипа ги совлада „црвените“ со 3:0 дома на отворањето на сезоната. Вест Бромвич Албион, кој славеше на „Енфилд“ и минатата сезона, го истисна Ливерпул од осмото место со 37 бода, ��олку што има Свонси, кој е едно скалило погоре поради подобрата гол-разлика. Ливерпул има 36 бода.
|