13.02.2013, 09:29 Јувентус и ПСЖ пред четвртфинале во ЛШ
Јуветус со убедливи 3:0 го порази шкотскиот претставник Селтик, a Валенсија на домашен терен загуби од ПСЖ со 2:1
Италијанскиот првак Јувентус и францускиот претставник Пари Сен-Жермен се наоѓаат на чекор до пласман во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите, откако синоќа во првите осминафинални средби остварија победи на гостински терен.
Јуветус со убедливи 3:0 го порази шкотскиот претставник Селтик. Головите за „старата дама“ на Селтик Парк во Глазгов ги постигнаа Алесандро Матри во 3.минута, Клаудио Маркизио во 77.минута и Мирко Вучиниќ во 83.минута.
На вториот синоќешен дуел од најквалитетното клупско фудбалско првенство се одигра н�� „Местаља“ во Валенсија каде истоимената шпанска екипа загуби од ПСЖ со 2:1. Аргентинците во дресот на ПСЖ, Езекиел Лавеци (10.минута) и Хавиер Пасторе (43.минута) ги постигнаа головите за парижаните, додека Адил Рами во последната минута го постигна голот-надеж за Валенсија.
Во судиското продолжение од оваа средба најдобриот играч на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ доби црвен картон поради остар старт врз противнички играч, што значи дека сигурно нема да настапи на возвратниот дуел во Париз. Реванш натпреварите од овие дуели ќе се одиграат на 6 март.
Вечерва (почеток 20:45 часот) се играат уште два осминафинални натпревара во Лигата на шампионите. Во Доњецк кај Шахтјор гостува Борусија Дортмунд, додека дербито на оваа фаза ќе се одигра во Мадрид каде Реал е домаќин на Манчестер Јунајтед. Останатите четири први натпревари од осминафиналето на програмата се следната недела. |