Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
09.02.2013, 12:03
Битка за второто место во групата Ц



Македонскиот и словенечкиот првак имаат по десет бода, а првата средба во Скопје ја добија „металурзите“ со 30:23

Роберт Димитриевски

Развојот на настаните во групата Ц од Лигата на шампионите ги доведе ракометарите на Металург во слична позиција како минатата година - повторно првакот на Словенија им е директен конкурент за второто место и повторно одлуката паѓа на гости. Лани македонскиот шампион ремизира во Копер, но на крајот заврши зад Цимос, па во осмина финалето ја доби Кроација осигурување Загреб и беше елиминиран, а сега на патот му се испречува Горење. Во денешниот дуел од 16,30 часот во Велење двете екипи влегуваат со по десет бода, а во првиот меѓусебен дуел на стартот од натпреварите во групата „металурзите“ славеа со 30:23 во Скопје. Но, Словенците се во предност поради домашниот терен не само во денешната средба, туку и во последното коло против лидерот Кјељце, кој два пати го совлада Металург, а на Горење ќе му гостува без повредените хрватски репрезентативци Иван Чупиќ, Мануел Штрлек и Денис Бунтиќ.

„Ќе сториме се' за да го обезбедиме второто место уште во Велење. Ќе се бориме како лавови“, порача преку клупскиот сајт десниот бек Ренато Вугринец, кој заедно со сонародникот Миладин Козлина очекува жежок дочек од сонародниците. „Како ракометар на Целје учествував во многу дерби-натпревари со Горење. Станува збор за врвна екипа, која секогаш оди на победа. Салата прима околу 3.000 гледачи, не' чека суператмосфера. Мене, како поранешен играч на Целје, нема да ме дочекаат пријателски. Ќе има се' и сешто, но јас сум навикнат на тоа“.

Нема да му биде лесно ниту на тренерот Лино Червар, кој се пожали дека екипата му е на 60 проценти од потребната форма по исцрпувачкото Светско првенство во Шпанија, каде што деветмина негови играчи беа дел од македонската репрезентација, а по еден на Србија и на Црна Гора. Тоа дојде до израз на гостувањето во Белорусија минатиот викенд, каде што Металург загуби со 28:26 од Брест Мешков во СЕХА-лигата. Горење, пак, во средата пред своите навивачи го порази Цимос со убедливи 35:28 и се зацврсти на чело на табелата со три бода повеќе од Целје и со осум од тимот од Копер.

„Горење игра брз ракомет, со брз центар, ќе се обидат да не' претрчаат. Играат дома, каде што се посебно силни. Фаворити се, но и ние имаме свои квалитети. Се надевам дека ќе имаме добар ден и оти среќата ќе ни биде наклонета“, додава Вугринец.

Тој и неговите соиграчи очекуваат поддршка од околу 150 македонски навивачи во салата „Рдеча“, од кои 60 „пирати“ ќе дојдат со автобус од Скопје, а останатите се наши иселеници од Словенија. Екипата ја посети и македонскиот амбасадор во Љубљана, Игор Попов.

Натпреварот ќе го водат унгарските судии Ференц Бониферт и Виктор Олах.


Статијата е прочитана 272 пати.


Испрати коментар



„Граѓаните“ се загубија во Саутемптон
Хет-трик на Роналдо против Севилја
Ролан светска шампионка во спуст
Денвер го нанижа и Кливленд
Баерн граби кон титулата
Интернационалците Тричковски, Тасевски и Гроздановски стрелци
Вардар СЦБТ елиминиран од ЕХФ купот
Мешков Брест подобар од Вардар Про во СЕХА лигата
Норвежанецот Свиндал нов светски шампион во спуст
Металург во зимски сон
Детроит ја прекина низата на Сан Антонио
Хефл-Риш го освои златото во суперкомбинацијата на СП
Карпов на отворањето на „Опен Карпош 2013“
Бостон ги растури Лејкерси, Гарнет рекордер
УЕФА ги одреди цените за финалето од Лигата на шампионите
Меси во Барселона до 2018 година
Мукаетов ќе го наследи Михајловски
Игрите во Сочи најскапи во историјата
Спарси уриваат се' пред себе
Англија го победи Бразил по 23 години
Надал се врати со победа и во сингл
(ФОТО) Македонија и даде „тројка“ на Данска
Изборното Собрание на РФМ на 9 март
Добри вести за Реал, Касилјас го тргна гипсот
Полексиќ - Овие приказни се најобична глупост
Рафа Надал се врати со победа
Вон на операција по хоророт во Шладминг
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Лигети му го донесе првото злато на САД на СП во Шладминг
Лејкерси во победнички ритам, Хјустон постигна 23 тројки
Шест меча суспензија за Карабатиќ
Финалистите на Лига Европа во ЛШ?
Трета среќа со Данска
Кавани се сели во Реал Мадрид
Ливерпул - Дебрецин е наместениот меч во ЛШ
Мари бара трпение за Надал
Три натпревари суспензија за Горан Попов
Леброн држеше час по кошарка
Почнува Светското првенство во алпски дисциплини
(ФОТО) Репрезентацијата го одржа првиот тренинг пред Данска
Комплетни против Данска
Антиќ и Мекејлеб остануваат во репрезентацијата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -2°C

Вторник
Претежно облачно
Макс: 9°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
95.Carl Perkins, „Blue suede shoes“
Автор: Perkins; продуцент: Sam Phillips; објавена: февруари 1956 година, „Сан“
Со „Мајкрософт“ целата соба станува екран
„Илумирум“ го користи сензорот „Кинект“ и проектор за да ги замаскира линиите меѓу содржината која се гледа на екранот и...
Американците сакаат весници
Прв пат во историјата, „Њујорк тајмс“ оствари повисоки приходи од продажбата на печатени и онлајн-изданија отколку од пл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |