09.02.2013, 19:03 Втор смртен случај од свински грип на Косово
Во Косово регистрирана е втората жртва кај која бил дијагностициран вирусот Х1Н1, односно т.н. свински грип.
Станува збор за маж на возраст од 40 години, кој имал хронично заболување и се јавил со задоцнување во Инфективната клиника во Приштина.
- Пациентот почина вчера попладне. Станува збор за 40-годишен маж, кој претходно бледувал од хроничен бронхит а седум дена се лекувал дома од грип, осмиот ден се јави во нашата клиника и во рок од 24 часа почина и покрај нашите максимални напори, изјавил Шемседин Дрешај, директор на Инфективната клиника во Приштина.
Според него вкупниот број заразени од свински грип изнесува 54 пациенти, при што двајца од нив се во критична состојба. Тие се приклучени на респиратори, нагласил Дрешај, додавајќи дека и тие се хронични болни, едниот од нив претходно бледувал од туберкулоза.
Неодмана од свински грип во Инфективната клиника во Приштина почина 39-годишна жена.
|