07.02.2013, 09:58 Николиќ го отвора трезорот на Тито
Српскиот претседател Томислав Николиќ ќе дозволи отворање на депоа во Народната банка на Србија (НБС) со оставштина на Јосип Броз Тито, објавуваат „Новости“.
Кабинетот на претседателот на Србија ќе дозволи да се отворат трезори во НБС во кои некогашното претседателство на СФРЈ чувале драгоцености кои останале по смртта на Тито.
- Во почетокот на неделата испративме допис до Суд во Белград пред кој се води оставинска постапка по смртта на некогашниот претседател. Наведовме дека како правен наследник на Претседателството на СФРЈ, согласни сме да се отворат депоата, изјави за весникот советникот во Кабинетот, Оливер Антиќ.
Тој додаде дека се чека судијата да одреди датум кога ќе се отворат сефовите.
Во 11 вреќи што се во трезорот на НБС како што претпоставуваат адвокати, може да се најдат само ��оследните плати на Тито, авторски хонорари за книги и нешто злато и накит. Таму би требало да биде се` што е затекнато по смрта на Јосип Броз во претседателската вила во Ужичка 15. |