05.02.2013, 16:24 МПМ нема да објавува платени политички реклами до почетокот на изборната кампања
Медиа Принт Македонија ја известува јавноста дека во своите печатени изданија и нивните интернет портали до започнувањето на изборната кампања за претстојните локални избори, односно до 4 март 2013 година 00:00 часот, нема да објавува платени политички реклами и огласи кои содржат ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и др. на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници.
Дополнително, Медиа Принт Македонија во целост ќе го почитува Изборниот законик во кој согласно член 84-а: „Од денот на донесувањето на одлука за распишување на изборите се до денот на завршувањето на изборите, државните органи и органите на општините и на градот Скопје не смеат да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, односно од буџетите на општините и на градот Скопје.“
|