05.02.2013, 09:51 Џон Меккејн го нарече Ахмадинеџад мајмун
Американскиот републикански сенатор Џон Меккејн, познат по своите шеги, го нарече иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад мајмун, а на бројните критики кои уследија на негова сметка, им порача на сите да се „разведрат“.
Ахмадинеџад вчера изјави дека е подготвен да биде првиот Иранец кој ќе биде испратен во вселената, една недела откако Техеран соопшти дека успешно лансира мајмун во вселената и го врати на Земјата жив.
- Значи Ахмадинеџад сака да биде првиот Иранец во вселената - зарем веќе не беше таму минатата недела?, напиша Меккејн на Твитер.
После тоа на истата социјална мрежа, неговиот коментар наиде на бројни критики, дури и од неговите партиски колеги, па така републиканецот од арапско потекло Џастин Амаш порача дека Меккејн „можеби би требало да се опамети и да престане со расистичките шеги“. |