05.02.2013, 14:01 САД ќе поднесат граѓанска тужба против „Стандард и Пурс“
Американската влада се очекува да поднесе граѓанска тужба против агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ бидејќи агенцијата наводно дала неприфатливо висок рејтинг за хипотеки чија вредност подоцна, значително се намалила и со тоа придонела за предизвикување на финансиската криза во 2008 година. Ова ќе претставува прв ваков чекор на американската влада против значајна бонитетна организација поради најголемата финансиска криза.
„Стандард и Пурс“ соопшти дека Стејт департментот ја информирал агенцијата дека планира да поднесе граѓанска тужба поради оценките на компанијата во 2007 годнина во случаите со хипотеките.
Агенцијата ги отфрла обвиненијата дека направила грешка, истакнувајќи дека тужбата нема да има никаква вредност.
Граѓанската тужба не содржи никакви криминални обвиненија. Критичарите веќе подолго време се жалат дека владата не поднела криминална тужба ниту против еден голем играч од Волстрит вклучен во финансиската криза. Криминалните обвиненија бараат поголем доказен материјал и подразбираат казна затвор.
Доколку се утврди дека „Стандард и Пурс“ направиле цивилен престап, може да сносат последици во вид на парични казни и ограничување на наичнот на работење. |