04.02.2013, 20:20 Пожарот во Трескавец под контрола, црквата спасена
Во 17 часот армиските хеликоптери се повлекоа од теренот околу манастирскиот комплекс, кој настрада од големиот пожар, во кој изгореа конаците
Пожарот што попладнево го зафати манастирот Трескавец е ставен под контрола, но се уште не е изгаснат. Црквата „Успение на пресвета Богородица“ не е во опасност, ниту трпезаријата.
Во 17 часот армиските хеликоптери се повлекоа од теренот околу манастирскиот комплекс Трескавец, кој настрада од големиот пожар, во кој изгореа конаците.
Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека пожарот е под контрола, а стотиците граѓани, противпожарните единици од Прилеп и возилото од Битола остануваат во манастирот се додека целосно не се изгасне огнената стихија.
|