07.02.2013, 14:00 Игрите во Сочи најскапи во историјата
Путин го смени потпретседателот на националниот Олимписки комитет Ахмед Билалов заради доцнењето на изградбата на скокалница за Зимските олимписки игри
Рускиот претседател Владимир Путин го смени денеска од функција потпретседателот на националниот Олимписки комитет Ахмед Билалов заради доцнење во изградба на скокалница за ЗОИ кои ќе се одржат идната година во Сочи.
Во Москва претходно беше објавено дека тие игри ќе бидат најскапи во историјата.
ЗОИ во Сочи ќе ја чини Русија 51 милијарда долари односно петпати повеќе отколку првично предвидените трошоци.
Во изградбата според руски медиуми, кои цитираат валдини и��вори, се вложени околу три четвртини од таа сума.
Во САД за инфраструктура и олимписки објекти во Солт Лејк Сити во 2002 година се потрошени 3 милијарди долари додека Олимпијадата во Ванкувер во 2010 година ја чинеше Канада околу 1,7 милијарди долари.
ЗОИ во Сочи ќе ја чинат Русија 10-пати повеќе отколку ЛОИ во Пекинг во 2008 година. |