11.02.2013, 13:38 Кирил Џајковски на Вудсток
Овој фестивал во Полска има 18-годишна традиција и собира повеќе од 750.000 посетители
Кирил Џајковски годинава ќе настапи на убедливо најголемиот отворен фестивал во Европа, Вудсток фестивал (Przystanek Woodstock) на 4 август, третиот ден од фестивалот кој може да собере повеќе од 750.000 посетители. Со ваквиот капацитет, Вудсток фестивал е еден од најголемите фестивали во светот, има 18-годишна традиција и се одржува на локацијата на поранешната полско-германска граница, Костшин над Одра во Полска.
Покрај тоа, овој фестивал се издвојува и по уникатниот организациски пристап. Организатор на фестивалот „Great Orchestra of Christmas Charity“, најголемата и најценетата хуманитарна фондација во Полска, има мисија да обезбеди висококвалитетна медицинска опрема за ��етските болници. За таа цел, успева да обезбеди дури 10 милиони евра во еден ден. Вудсток фестивалот е целосно некомерцијален, а годинава кон фестивалското мото, организаторот ја додаде и борбата за подобрување на условите за лекување на старите и изнемоштени лица.
|