13.02.2013, 12:29 (ФОТО) Був под хауба преживеа возење од сто километри на час
Птицата по возењето од сто километри на час поминала без повреди и е вратена во природата
Американката Сонџи Кони Вилијамс возела на пат во Флорида, кога сфатила дека удрила во нешто. Не застанала, но подоцна открила дека под хаубата на нејзиниот автомобил се крие слеп патник - був кој го преживеал возењето од сто километри на час.
- Возев со брзина од околу сто километри на час кога ми се причини дека сум удрила во птица. Беше многу темно, така што не застанав - рече Сонџи, јави „Дејли Меил“.
Следниот ден Американката ја запрело семејство коеи и обрнале внимание дека под предните решетки на нејзиниот ав��омобил се наоѓа птица.
Сонџи запрела, излегла од автомобилот и меѓу решетките здогледала жолти очи кои гледаат во неа. Се покажа дека бувот бил заробен под хаубата уште од претходната вечер кога го удрила.
На самото место наскоро се појавила и службата за диви животни кои го извлекле бувот и го однеле на безбедно. Птицата поминала без повреди и е вратена во природата.
|