Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.02.2013, 14:04

ЏИШ - Ново шоу со Игор Џамбазов на МТВ



Се работи за шоу налик на мозаик кое ќе биде подготвено против сите правила и ќе понуди провокативни содржини, а ќе почне да се емитува од оваа недела во терминот од 20:20 часот

„Шоу налик на мозаик кое ќе биде подготвено против сите правила и ќе понуди провокативни содржини“, вака го најави Игор Џамбазов своето ново шоу на МТВ, кое треба да почне да се прикажува од оваа недела во терминот од 20:20 часот.

„Штом веќе ни дадоа слобода во МТВ најголемиот шоумен да добие свое шоу тогаш ќе се обидеме тоа да го искористиме. Тоа ќе го направиме со тоа што ќе работиме контра сите правила по кои досега е работено, не заради тоа што сакаме да се правиме паметни туку заради тоа што сме сфатиле дека досега како што е правено не било добро и ќе се согласите дека Македонија не памети ниту едно квалитетно, вистинско ТВ - шоу, зашто денес за ТВ шоу се сметаат и два жолти двоседа и троседа на кои ги канат гостите кои вчера биле на друга телевизија. Ние ќе направиме нешто сосема друго, во ова шоу нема зборување, туку делување и гости ќе бидат само оние од Македонија кои се мултиталентирани, а такви, за среќа, ги има многу“, рече Џамбазов за шоуто.

Покрај промоција на нови македонски ѕвезди, новина што ќе ја понуди оваа програма е и антологија на македонската поезија, која, вели, со години е маргинализирана, не само од медиумите, туку и од колегите кои ја говореле од ракав за потребите на хонорарот. Во првите три емисии гостуваат Калиопи, Тамара и Тони Михајловски, а во иднина не исклучува и гости од Балканот.

Директорот на МРТВ Марјан Цветковски ЏИШ го најави како квалитетна 50-минутна програма, која рече е дел од заложбите на раководството за враќање на сопствената продукција и правење квалитетни проекти.

Бојан Трифуновски, косценарист и режисер на шоуто, истакна дека секое шоу ќе биде тематско и различно едно од друго. Љупчо Тодоровски - Упа од продуцентската куќа „Видик“ рече дека се одлучил да работи на копродукцијата на шоуто бидејќи бил привлечен од преродбата во МРТВ, но и од значењето и името на националната телевизиска куќа и на Џамбазов како шоумен.

За музиката е задолжен Игор Атанасовски - Харе, кој истакна дека ќе бидат понудени нови оригинални материјали, но и кавер песни или обработка на стари хитови, а по една нумера ќе се изведува во живо во студиото со некогашниот бенд на Тоше.

Шоуто ќе се прикажува до јуни, летото ќе се репризираат најдобрите емисии, а од септември се најавува и можност за продолжување со шоуто.


Статијата е прочитана 1040 пати.


Испрати коментар



(ФОТО) Ритуално капење во Индија
Вегетаријански порции за Адолф Хитлер
(ФОТО) Самба! Самба! Самба!
(ФОТО) Кинезите го прославија пристигнувањето на Змијата
Леонардо ди Каприо во врска со косовската Мис универзум
Берлинале почна во знакот на политиката
Пол Макартни во Њу Орлеанс помина како уличен свирач
Од сабота до сабота
Нацоски одбележува декада на меѓународната сцена
Во мозокот постои центар за зло
„Епл“ продаде повеќе од 25 милијарди песни
Филмскиот фонд ќе финансира 28 проекти
Дино Имери ја одушеви публиката во „Лисински“
(ФОТО) Поштенска марка со вкус на чоколадо
(ФОТО) Долги аплаузи и воодушевување на премиерата на „Изгубени Германци“
Сто и дваесет години од смртта на Григор Прличев
(ВИДЕО) Астероид ќе мине покрај Земјата на 15 февруари
„Skyfall“ прогласен за филм на годината на Бритиш Филм Авардс
Премиера на „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во МНТ
Слика од Пикасо продадена за 28,6 милиони фунти
Роби Вилијамс не бил доволно кул за „Оејзис“
Агата Кристи била надгледувана од МИ5
Премиера на операта „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн
Првата фотографија на синот на Шакира и Пике за УНИЦЕФ
Реконструирано лицето на Ричард Трети
Пронајден скелетот на Ричард Трети
„Изгубени Германци“ утревечер премиерно во МНТ



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -2°C

Вторник
Претежно облачно
Макс: 9°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
95.Carl Perkins, „Blue suede shoes“
Автор: Perkins; продуцент: Sam Phillips; објавена: февруари 1956 година, „Сан“
Со „Мајкрософт“ целата соба станува екран
„Илумирум“ го користи сензорот „Кинект“ и проектор за да ги замаскира линиите меѓу содржината која се гледа на екранот и...
Американците сакаат весници
Прв пат во историјата, „Њујорк тајмс“ оствари повисоки приходи од продажбата на печатени и онлајн-изданија отколку од пл...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |