09.02.2013, 11:26 Кулиќ ќе информира за истрагата за Кингерот
Главниот истражител за повторно отворената истрага за авионската несреќа во која загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, Омер Кулиќ денеска ќе соопшти информации за текот на повторно отворената истрага.
Кулиќ, како што е најавено, ќе ги претстави македонските експерти, дел од 15- члениот меѓународен тим кој има задача повторно да истражи како паднал воздухопловниот Кингер В-200.
За отворањето на истрагата, според Кулиќ, имало две причини. Првата е пропишана според законодавството, кое дозволува, согласно меѓународната федерација за цивилно воздухопловство, заинтересираната страна да може да собере нови докази и доколку тие се квалитетни да се отвори нова истрага. Другата причина за повторно отворање на истрага се големиот број шпекулации и од македонската и од босанската ја��ност за падот на претседателскиот авион.
|