08.02.2013, 14:46 Градежниците помалку работат во странство
Во периодот јануари-декември 2012 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесувала 5,345 милијарди денари, или 86,9 милиони евра, што е за 111,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Сепак, во овој период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 928 милиони денари, или 15,09 милиони евра, што е за 59 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Лани е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Босна и Херцеговина, Швајцарија и Србија. (Ек.Р.) |