08.02.2013, 16:14 Албанците протестираа пред српската амбасада во Скопје
Воените ветерани на ОНА, како и членови на Здружението на албанските политички затвореници во Македонија, студенти од тетовскиот Универзитет и граѓани протестираа денеска пред српската амбасада во Скопје.
Мотото на протестот, чиј организатор е Фазли Велиу, еден од креаторите на ОНА, беше „Прешево, Медвеѓа и Бујановац“, а повод беше отстранувањето на споменикот на загинатите припадници на Ослободителната војска на Медвеѓа, Прешево и Бујановац од плоштадот пред општинската зграда во Прешево, Србија.
Присутните, околу 150 до 200 лица, пред амбасадата истакнаа пароли и транспаренти на кои пишуваше „Дачиќ фашист“, „Дачиќ = Милошевиќ“. Протестот се одржа под силно полициско обезбедување. |