Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.02.2013, 09:12

Изгаснат пожарот во манастирот „Трескавец“

Министерката за култура соопшти дека ќе се изработи Акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел, како и проект за обнова на манастирот

Пожарот во манастирскиот комплекс „Трескавец“ синоќа беше изгаснат. Според командирот на прилепската противпожарна единица Станко Колески кој беше на теренот, 10-ина пожарникари, исто толку граѓани и полицијата останале ноќеска да ја следат ситуацијата.

Во големиот пожар што вчера избувна во манастирскиот комплекс околу 14 часот, изгореа конаците, а спасени се црквата „Успение на пресвета Богородица” од 13 век и трпезаријата која датира од 14 век.

Во борбата со огнената стихија вчера заедно интервенираа три армиски хелихоптери, армиска единица од прилепската касарна, противпожарната единица од Прилеп, возило од Битола и преку 200 граѓани кои се одзваа на апелот на Центарот за управување со кризи за да помогнат во гаснењето.

Прилепчани се потресени од огнената катастрофа зашто манастирот е едно од најпознатите свети и културни места не само за домашните, туку и за странските посетители.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска денеска треба да достави информација до Владата на Република Македонија за состојбата со манастирот „Трескавец“ по големиот пожар што вчера го зафати комплексот во кој изгореа конаците.

Таа синоќа во Прилеп изјави дека ќе се изработи Акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел, како и проект за обнова на манастирот „Трескавец“, а преку надлежните институции веднаш ќе се пристапи кон брза санација и реконструкција на конаците.

Последиците од пожарот емотивно ги доживea владиката Климент кој рече дека и пожарот пред 23 години бил ист.

Владиката Климент вели дека првично пожарот почнал од гостинска соба и се ширел кон монашкиот конак, а во моментот на избувнувањето во манастирот биле искушеникот Калист и еден гостин.

Општина Прилеп за денеска закажа вонредни седници на Општинскиот и на Економскиот совет.

Ова е трет катастрофален пожар што го зафатил манастирот во минатото. Последниот се случи пред 23 години, односно на 9 јануари 1990 година кога целосно изгореа конаците.

„Трескавец“ е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата.

Сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под Златоврв. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата Успение Богородичино. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, со прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, како и над Пелагонија.

Се верува дека е изграден во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.

Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари. Најпосетуван е за празникот Богородица - 28 август. Тогаш во манастирот се собираат голем број Варошани и Прилепчани да го означат овој свет ден.


Статијата е прочитана 852 пати.


Испрати коментар



Попоски се сретна со амбасадорите од ЕУ и НАТО
Ставрески - Зголемување на даноците нема да има
Евтината струја влезе во Парламентот
Интернетот не стави на трето место во регионот
Телевизори и интернет за пациентите на четири клиники
МЕПСО ќе гради нови далноводи
Гостиварскиот полицаец не бил во патолошки ефект
Измените на Деловникот за суспендирање на демократијата
Проект за подобри макроекономски прогнози
МПЦ - Да се реши проблемот со осигурување на црквите
По Виена, Скопје пие најчиста вода во Европа
Европскиот парламент одбива да ја жртвува иднината на ЕУ
Субвенцијата за куќа зголемена од 50 на 75 отсто
Регистрирани нови 1.869 лица со симптоми на грип
Во резервна гума од автомобил скрил дрога
Аврамопулос го промовира „грчкиот карактер“ на регионот Македонија
Се самозапалил жител на Инџиково, повредени сопругата и децата
Синодот расправа за изгорениот манастир Трескавец
Македонска делегација на Молитвениот појадок
Шпанската полиција заплени 4,5 тони кокаин
Николиќ го отвора трезорот на Тито
Благајник на СПЦ украл еден милион евра
Брисел го договара седумгодишниот буџет
САД го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина
Македонија оценета како пример за регионот
Митинг на „Сојузот за иднината“ во Тетово
Јохан Тарчуловски го чека март
Климатските промени ја влошуваат епидемијата на грип
Од утре дожд и снег
Мисовски - Нема разногласие, ниту омекнување на ставовите
Од недела расчистување на последиците од пожарот во Трескавец
И Трајановски ќе собира идеи и предлози од скопјани
Законот за еднополовите бракови помина во британскиот парламент
ВМРО-ДПМНЕ предлага ограничување на дискусиите на пратениците
Отфрлен предлогот пратениците да имаат обезбедување
Инсталација или неисправен оџак можни причини за пожарот
Руфи Османи по втор пат во трка за Гостивар
Таткото на Тушевски го обвини Бошкоски за убиство на синот
Јахјага-Ромпуј - Дијалогот во функција на европскиот дух
Иванов преку грчкиот амбасадор пак го повика Папуљас на средба
Храбри кавадарчани фатија крадец на дело
Автобус излета од патот Берово-Виница, нема повредени
Македонска храна и лекови најинтересни за американскиот пазар
Македонски лекари ќе се обучуваат во Хјустон
„Шкода“ го произведе 15-милионитиот автомобил
Македонски компании на „Фруит Логистика 2013“ во Берлин
Грција стравува од радикални штрајкови
ОМД отвори ограноци во Германија и Холандија
Пекинг предлага кратење на помошта за Северна Кореја
Десеткратно намалена добивката на „Волво“
Вељаноски во Њујорк оствари средба со Јеремиќ
Лук Симпкинс
Заштитениот сведок во „Бреза“ призна дека лажел
Канонада од грчки и бугарски амандмани во ЕП
МПМ нема да објавува платени политички реклами до почетокот на изборната кампања
Гроган ја услови препораката со решение за кризата
Владата издвои 615 илјади денари за санација на Трескавец
Почнува собирањето средства за обнова на Трескавец
Жените бараат флексибилно работно време
„Вип“ го промовираше „LG Nexus 4“
Жерновски - Предлогот на Иванов е дел од решението, но не и решение
Истражниот судија го чека вештачењето за пожарот во Пошта
Размената со странство лани паднала за 8,3 отсто
Србин приведен за нападот во Косовска Митровица
Македонија без опозиција на појадокот во САД
Франсоа Оланд - Да се штеди да, да се ослабе економијата не!
САД ќе поднесат граѓанска тужба против „Стандард и Пурс“
Спречен шверц на накит вреден 65.000 евра
Едукација и законска регулатива за побезбеден интернет
Битолчанец силувал 16 годишно девојче
„Скопје сити мол“ добро би се справил со евентуални ризици
Попоски - Датум за време на ирското претседавање од историско значење
Воздухот во Грција загаден до опасно ниво
Македонски ИТ компании ќе се претстават во Дизелдорф
Протестниот караван на СДСМ со променета маршрута
(ФОТО) Почнува истрагата за причините за пожарот во Трескавец
Кина е најголем добитник во Авганистан
Две деца повредени во експлозија во Косовска Митровица
Саудиски имам бара бурки за бебиња
„Златна зора“ на линија со германските неонацисти
Вељаноски во Њујорк ќе се сретне со Јеремиќ
Џон Меккејн го нарече Ахмадинеџад мајмун
Грчкиот министер за финансии доби куршим по пошта
ФБИ го спаси детето заложник во Алабама - киднаперот е мртов
Вељаноски му се заблагодари на Бан Ки-Мун за ангажманот за името
Пожарот во Трескавец под контрола, црквата спасена
Изгоре манастирот „Трескавец“ кај Прилеп
Македонец осуден на 20 години затвор за убиство на сопругата



Nekoj, 05.02.2013 09:25:32
Prvo treba da si podnese neotpovikliva ostavka !Direkno e vinovna za negrizata za kulturnoto nasledstvo.Objekt od neprocenliva kulturna i duhovna vrednost da se ostavi na milost i nemilost na vremeto e za sekoja osuda.
kojco, 05.02.2013 10:20:58
Sekoj mesec nekoj objekt se pali vo Makedonija. I sega drzavata ke dade pari t.e ke ISPERE PARI preku vakvi davacki. SRAMOTA
verag, 05.02.2013 11:21:48
Министерството ќе изгради уште поубав конак - ќе биде нов, сигурно во стил на неокласицизам, со неколку десетина скулптури наокмолу.
koki, 05.02.2013 14:42:38
Море Бране да нема замешано прсти???? Што би рекле Преродбенициве, Бранко е крив?????? А Феликс ??????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ситен дожд

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Првиот и единствен дневен спортски весник „Македонски спорт“ го промовира своето ново издание, кое ќе излегува целосно в...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
97.Chuck Berry, „Roll Over Beethoven“
Автор: Berry; продуценти: Leonard и Phil Chess; објавена: мај ’56, „Чес“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |