05.02.2013, 15:40 „Вип“ го промовираше „LG Nexus 4“
Операторот „Вип“ денеска го промовираше најновиот мобилен телефон „ЛГ нексус 4“ („LG Nexus 4“), кој ексклузивно ќе се продава во продажните места на компанијата.
„Нексус 4“ е дел од новата генерација паметни телефони, кој ги комбинира елегантниот дизајн и супериорниот хардвер од „ЛГ електроникс“, со најновата верзија на оперативниот систем „Андроид 4.2 џелс бин“ и одличните можности кои ги нуди „Гугл апс“. „ЛГ нексус 4“ е достапен по цена почнувајќи од 0 денари за склучен договор на 24 месеци во тарифниот модел „вип ноу лимит“.
„Убеден сум дека корисниците во Македонија ќе бидат воодушевени од совршено избалансираната комбинација на формата и функционалноста со најновата генерација на оперативниот систем Андроид“, рече Јанг Вунг Ли, управен директор на „ЛГ електроникс“.
|