05.02.2013, 14:30 Македонија без опозиција на појадокот во САД
Спикерот Трајко Вељановски, министрите Никола Тодоров и Вaљон Сарачини, како и парламентарците Александар Спасеноски и Влатко Ѓорчев годинава ќе бидат преставници од Македонија на традиционалниот молитвен појадок во САД , што го организира Конгресот а по правило на него присуствуваат и претседателот и државниот секретар на САД.
Ова е првпат на овој настан Македонија да биде еднопартиски преставена од мнозинската заедница, бидејќи бојкотирајќи го парламентот кој ги покрива трошоците за улеството, СДСМ отсуствува и од појадокот во САД. Ова е прво присуство на македонски функционери во Њујорк и во Вашингтон по инцидентот од 24 декември и прва можност за неформална средба со новиот државен секретар Џон Кери, кој ја наследи на функцијата Хилари Клинтон. Но, со оглед на тоа дека во Вашингтон не преставуваат спикер на Парламент, министер за здравство и за економија, тоа тешко ќе се случи. Појадокот ќе биде во четврток , и на него секоја година присуствуваат околу 3500 гости од околу сто земји во светот. Како и да е листата на поканети од Македонија ја координира исто така пратеникот Влатко Ѓорчев. |