07.02.2013, 15:29 МЕПСО ќе гради нови далноводи
МЕПСО денеска склучи договори со најдобрите понудувачи за изградба на два далновода со што започнува инвестициски циклус од 13,22 милиони евра за изградба на 122 километри нови далноводи.
Како што соопштуваат од оваа компанија, шведската компанија ЕЛ ТЕЛ „Нетворк“ ТЕАБ во конзорциум со српската компанија „Енергомонтажа“ од Белград ќе гради 400 киловолтен далновод од Штип до македонско- српската граница. За вториот проект изведувач на реконструкцијата на 110 кв далновод Скопје-Југохром-Тетово, ќе биде конзорциумот од српските компании „Енергомонтажа“ и „Монтпроект“ од Белград.
Новиот интерконективен далновод Штип-македонско-српска граница е со должина од 70 километри и е со инвестициска вредност од 9,7 милиони евра. Финансиската конструкција е обезбедена од средства на МЕПСО и кредитна линија од Светската банка. Рокот за изградба е 17 мес��ци. Овој преносен вод е од огромно стратешко и енергетско значење и ќе го зголеми капацитетот за пренос на струја на регионално ниво;
Реконструкцијата на 110 кв далновод Скопје-Југохром-Тетово опфаќа 180 столбови на траса долга 52 километри. Со тоа ќе се зголеми пропусниот капацитет и ќе се подобри доверливоста на системот во подрајчето на Скопје и на Полог. Вредност на проектот е 3,56 милиони евра и е кофинансирање од средства на МЕПСО и кредит од Светската банка. Конзорциумот „Енергомонтажа“ и „Монтпроект“ рекострукцијата треба да ја завршат во рок од 13 месеци. (Ек.Р.)
|