05.02.2013, 09:48 Грчкиот министер за финансии доби куршим по пошта
Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас добил куршум и смртна закана од група, која протестира против планираните мерки кон сопствениците на имот со истечени хипотеки, соопшти полицијата.
Пакетот бил испратен од малку позната група, наречена „Критска револуција“, која го предупреди министерот за секаков обид за одземање на имотот и принудното иселување на сопствениците, изјавија претставници на полицијата.
Групата минатата недела испратила писма со слична содржина до канцелариите на даночните служби на островот Крит.
Стурнарас, реномиран економист, кој стана министер за финансии во јуни, предизвика незадоволство кај голем број граѓани откако ја поддржа рестриктивната политика на која инстистираат Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд како услов за отпуштање за Грција милијарди евра спасувачка помош. |