05.02.2013, 15:21 Жерновски: Предлогот на Иванов е дел од решението, но не и решение
Опозицискиот Сојуз за иднината денеска ја промени маршрутата на секојдневниот протестен караван низ Скопје. Возилата на партиските активисти од Сојузот поминаа низ општините Бутел, Гази Баба и Чаир, а завршија пред зградата на Владата со повторување на барањето за предвремени парламентарни избори.
Андреј Жерновски, претставник на Сојузот за иднината најави дека и понатаму ќе ги менуваат маршрутите затоа што сакале сите граѓани на Скопје да бидат сведоци на нивните активности.
Ги оквалификува како провидни и штетни за демократијата, како што тврди, обидите на власта да создаде своја опозиција. Се формирале нови партии и се вршеле притисоци на оние кои се членови на опозициските партии, наведе Жерновски во одговор на новинарско праш��ње.
Според него, членовите на Сојузот за иднината се обединети во своите намери. Единствен излез од политичката криза, повтори, е одржување предвремени парламентарни избори, а остануваат на ставот за бојкот на локалните избори доколку не дојде до политички договор.
Предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов за формирање експертска комисија што ќе треба да ги расветлува инцидентите во Собранието од 24 декември, според Жерновски може да биде еден дел од пакетот за решавање на кризата, но не и основа за нејзино надминување.
Жерновски негира дека опозициските партиски штабови работат на подготовка за локални избори и покрај одлуката за бојкот. - Тие штабови ќе функционираат и понатаму без разлика дали ќе се одржат локални или парламентарни избори или локални и парламентарни заедно затоа што политиката, позицијата и активностите на опозицијата не само што не завршуваат туку допрва почнуваат, најави Жерновски. |
Статијата е прочитана 1699 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
pojasnuvanje, 05.02.2013 15:55:44 | Ne gledam drug nacin za nadminuvanje na krizata sem paramentari izbori.Po koja logika se bara vracanje na opozicijata posle 24.12? |
| Samo napred, 05.02.2013 16:10:59 | Chvrsto i na prva! Vlasta ja zaeba rabotata, vlasta neka se vadi, kako znae i umee. |
| ФЕЛИКС, 05.02.2013 17:36:04 | Малку зачудува да менувањето маршути да ти било поради информирањето на Скопјани,зарем навистина досега Скопјаниве не разбрале и не чуле да семафорските востанички случувања прераснаа во трасовидни востанички каравани. Ако е тоа така тогаш тоа е голем минус за востаниците од пропаганден аспект.Но од друга страна можеби оправдување е до герилскиот карактер на востаниците.Или од трета страна која е највероватна,Скопјани не ги ,,боли уво,, за опозицијата,оти многу-многу не им е за верување. |
| Nekoj, 05.02.2013 18:27:02 | Predlogot na Pretsedatelot Ivanov ,daden na zaminuvanje vo poseta na Katar e navreda ako se zeme vo predvid cinizmot so koj rece deka liderska sredba ne e potrebna.Sekoj razgovor ,sredba e polezen ako se vodi vo vistinsko vreme i na vistinski nacin.Kade bese Pretsedatelot Ivanov na 24.12.Vrhoven komandant na oruzenite sili ,sto licno stori da go spreci diveenjeto na Ministerot za finansii ?Kako prv covek trebase da pokaze cvrsta raka i da vospostavi red vo i nadvor od Sobranieto.Vprocem medjunarodnata zaednica toa i go bara od nego.Samo kolku e hrabar! |
| Chainsaw, 05.02.2013 20:29:56 | Samo da se potsetam....zernovski i LDP imaat nula pratenici vo parlamentot, odnosno minorna narodna podrshka. So ovakva opozicija moze i na sekoi 6 meseci da imame parlamentarni izbori ... koj non sense e celava rabota. |
| jas, 05.02.2013 20:36:57 | a koja e logikata da se baraat izbori sekoja godina? |
| Makedonija e Fantasticna, 05.02.2013 21:19:15 | Kako Mozart tolku da se ponizuva. |
| meksikanec, 05.02.2013 21:40:15 | Bidete sigurni deka i vo vnatresnosta otporot jakne i dobiva zacuduvacki razmeri.Vlasta preku nivnite megafoni,potplatenite mediumi i taka narecenite analiticari svesno gi minimizira problemiti i narodnata zelba za rascistuvanje so diktaturata.Svesni se deka nivnite analizi se pogresni i netocni,zatoa sto prikazuvaat ona sto sakat da se sluci,a ne ona sto vistinski se slucuva.Hrabrosta vsusnost e sposobnast da se pobedi stravot.So masovnite marsevi na OTPOROT,veke e postignata taa osnovna cal,Zatoa napred vo novi naradni pobedi.Ovaa nenarodna vlast e vo celasno okruzenje.Dokolku na vreme ne prifati,Predvremeni parlamentarni izbori samata ke se raspadne,pred se zaradi svojata ne sposobnost, zardi ekonomskite problemi sto samata gi stvori i politickata situacij vo Sobranieto sto posle 24.potpolno go izmeni odnosot na silite. |
| ljupco bitola, 05.02.2013 22:45:52 | Abre Zernovski poveke ne znaete kade terate.Sega se namali i podrskata od avtomobilite pa ke izmisluvate prikaski.Dosta veke mi e od vas gubitnici. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Ситен дожд
|
Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C
|
Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|