07.02.2013, 09:47 Благајник на СПЦ украл еден милион евра
Благајник во Белградско-карловачката архиепископија осомничен е дека проневерил црковни пари. Архиепископијата истакнува дека осомничениот не е свештено лице, објави „Блиц“.
Кривичното дело е откриено со вондреден попис на благајната и пријавено е до надлежните државни опргани.
„Блиц“ наведува дека благајникот е уапсен под сомнение дека украл приближно еден милион евра односно од касата на архиепископијата украдени се 19,5 милиони динари, 40.000 швајцарски франци, 50.000 американски долари и 890.000 евра.
Весникот повикувајќи се на неименувани црковни извори наведува дека благајникот повеќе години работел во Патријаршијата. Постои сомневање дека не бил сам, па под истрага ќе бидат и другите благајници од Белградско-карловачката архиепископија.
„Блиц“ посочува дека патријархот Иринеј лично се заложил за дискреција на полициската акција. |