08.02.2013, 16:11 Леонардо ди Каприо во врска со косовската Мис универзум
Познатата холивудска ѕвезда, Леонардо ди Каприо е во љубовна врска со Мис Унивезум на Косово, Афердита Дрешај.
Тие се фогографирани заедно на јахта во Мајами и од самите фотографии се гледа дека двајцата се многу блиски.
- Дрешај, моментно е во врска и со пејачот Шпат Касапи, но фотографиите потврдуваат дека таа го зграпчила „хројот од Титаник“, иако двајцата тврдат дека се само добри пријатели, пишува тиранскиот весник „Шекули“.
Афердита Дрешај (26) беше избрана за Мис универзум на Косово во 2011 година, а вистинска бура, особено во српските медиуми, предизвика нејзината заедничка фотографија во Бразил со српската мисица Ања Шарановиќ (22). |