11.02.2013, 15:16 Антиќ без трофеј во грчкиот Куп
Перо Антиќ и Олимпијакос втора година едноподруго остануваат без трофејот од Купот на Грција и повторно за тоа се погрижи лутиот ривал Панатинаикос, кој во годинашното финале славеше со 81:77. Македонскиот центар беше еден од најдобрите кај европскиот првак со 17 поени, од кои четири тројки од пет обиди.
Пред и за време на финалето се случија голем број инциденти во кои беа вклучени навивачите на двете екипи, па мечот неколку пати беше прекинуван. Плод на воинствената атмосфера е и смртната закана од Софоклис Скорцијанитис до Антиќ поради наводните навреди од Македонецот за соиграчот на Гркот, Стефан Лазме.
|