Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
05.02.2013, 15:38
Кавани се сели во Реал Мадрид



Според шпанските медиуми, претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, и менаџерот на Кавани веќе ги договориле деталите од договорот

Се' поизвесно е дека соиграчот на Горан Пандев во Наполи Едисон Кавани, од следното лето ќе биде дел од тимот на Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, и менаџерот на Кавани веќе ги договориле деталите од договорот.

Колкава е сумата за трансферот засега не е познато, но според сегашниот договор на Кавани со Наполи, тој може да го напушти италијанскиот клуб ако некој плати за него 63 милиони евра. Но од Реал Мадрид се подготвени да платат 50 милиони евра и да испратат кај „наполитанците“ некој од нивните фудбалери на кои нема да сметаат за следената сезона.

За Кавани беа заинтересирани и Пари Сен Жермен и Манчестер сити, но тој го избрал Реал.

Едисон Кавани на 121 натпревар за Наполи има постигнато 93 гола. За репрезентацијата на Уругвај настапил 45 пати и бил стрелец на 13 погодоци.

Малезани ќе го спасува Палермо

По серијата слаби резултати, италијанскиот калчолигаш Палермо одлучи да го разреши досегашниот стратег Џанпјеро Гасперини, а како негов наследник се очекува денеска официјално да биде назначен Алберто Малезани. Палермо падна на дното од табелата, откако во последното коло со 1:2 загуби на свој терен од Аталанта, а Сиена освои три бода против Интер.

„Палермо реши да се раздели од Гасперини. Името на новиот тренер официјално ќе биде соопштено утре“, стоеше во вчерашната изјава од Палермо.

На Малезани, кој во 1999 година ја предводеше Парма до триумф во Купот на УЕФА 1999 година, главна цел ќе му биде да го спаси клубот од испаѓање.

Роналдо не сака да ги споредува Мурињо и Ферги

Кристијано Роналдо не можеше да каже кој е подобар тренер ако треба да ги спореди сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо. Роналдо моментно е член на Реал и за стратег го има Мурињо, но Португалецот не заборава дека светската слава ја стекна во Манчестер јунајтед под водство на популарниот Ферги.

„Не би било фер да одберам еден од нив двајца. Тоа е како да споредувате Ферари и Порше. Двајцата се многу добри. Имаат големо искуство и сакаат да победуваат. Затоа и толку пати се радувале на титули“, рече Роналдо во пресрет на дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид во рамките од осмина финалето на Лигата на шампионите.

Лацио месец и пол без Клозе

Лацио во следните шест недели ќе биде без напаѓачот Мирослав Клозе, кој ја влоши повредата на лигаментите на коленото. На последните неколку меча Клозе играше недоволно закрепнат, а по лекарските прегледи било констатирано дека напаѓачот ќе мора да оди на подолга принудна пауза. Германскиот напаѓач сезонава е прв стрелец во тимот со десет гола.

Статијата е прочитана 1210 пати.


Испрати коментар



Мукаетов ќе го наследи Михајловски
Игрите во Сочи најскапи во историјата
Спарси уриваат се' пред себе
Англија го победи Бразил по 23 години
Надал се врати со победа и во сингл
(ФОТО) Македонија и даде „тројка“ на Данска
Изборното Собрание на РФМ на 9 март
Добри вести за Реал, Касилјас го тргна гипсот
Полексиќ - Овие приказни се најобична глупост
Рафа Надал се врати со победа
Вон на операција по хоророт во Шладминг
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Лигети му го донесе првото злато на САД на СП во Шладминг
Лејкерси во победнички ритам, Хјустон постигна 23 тројки
Шест меча суспензија за Карабатиќ
Финалистите на Лига Европа во ЛШ?
Трета среќа со Данска
Ливерпул - Дебрецин е наместениот меч во ЛШ
Мари бара трпение за Надал
Три натпревари суспензија за Горан Попов
Леброн држеше час по кошарка
Почнува Светското првенство во алпски дисциплини
(ФОТО) Репрезентацијата го одржа првиот тренинг пред Данска
Комплетни против Данска
Антиќ и Мекејлеб остануваат во репрезентацијата

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ситен дожд

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Петок
Слаби снежни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Македонски спорт“ во ново руво
Првиот и единствен дневен спортски весник „Македонски спорт“ го промовира своето ново издание, кое ќе излегува целосно в...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни на сите времиња според „Ролингстоун“
97.Chuck Berry, „Roll Over Beethoven“
Автор: Berry; продуценти: Leonard и Phil Chess; објавена: мај ’56, „Чес“
Интервју Игор Џамбазов - Решив да си фатам дечко на 50 години!
„Некои ќе го мразат, некои ќе го обожаваат, ама никој нема да биде рамнодушен“, вели за новиот ТВ-проект „Џиш“, што ќе стартува во недела на Прва програма на МТВ

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |