04.02.2013, 20:09 (ФОТО) Репрезентацијата го одржа првиот тренинг пред Данска
На тренингот се појави и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, во друштво со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски.
ФОТО: Петр Стојановски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на арената „Филип Втори“ го одржа првиот тренинг во пресрет на пријателскиот меч со Данска, кој ќе се одигра в среда во 19.30 часот.
Подготвени за предизвикот, „црвено-жолтите“ момци предводени од Горан Пандев посакуваат успешно да им тргне и 2013 година. На тренингот се појави и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, во друштво со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски.
|